Број 3335  сабота, 17 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Хроника

Се шири истрагата за педофилскиот скандал во ОБСЕ

Скопското обвинителство проверува дали има оштетени деца од Македонија, кои биле инволвирани во педофилскиот скандал на висок претставник од ОБСЕ во земјава. Според скопскиот обвинител, Марко Зврлевски, поради комплексноста на предметот се вршат дополнителни проверки и во странство, но и дома, за да се комплетира досието.

„Побаравме од министерствата за надворешни и за внатрешни работи да обезбедат дополнителни податоци и да извршат проверки. Досега се добиени одредени сознанија, но се' уште не е комплетиран случајот за да биде препратен до судот“, објаснува Зврлевски.

Случајот со педофилија беше обелоденет неодамна, кога во медиумите и во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ почнаа да пристигнуваат анонимни писма. Во нив се наведуваше „Норвежанец, вработен на висока позиција во ОБСЕ, во Македонија, сексуално злоупотребувал деца. Тој, наводно, во неколку наврати, нудејќи им пари, намамувал деца под 14-годишна возраст од земјава и сексуално ги злоупотребувал“. Надлежните ги проверуваат ваквите сомневања, како и можноста Норвежанецот да бил дел од поголема педофилска мрежа. Кај него беа пронајдени огромен број педофилски фотографии и порно-клипови со деца, кои најчесто ги симнувал од Интернет-страници. (Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 767 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Современ софтвер за вештачење на сообраќајни незгоди
Крвава ноќ во Прилепско
Прегазен пешак, возачот побегнал
Неисправното возило го одложи судењето за братоубиство
Во багаж скриле пола тон морска риба