Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Поглед

Курбан липи

Деспина Трајковска

Скопјани репризно се сведоци на сеча на зеленило од која ќе профитираат, пред се', возачите. Кусо време откако се помири со сечата на багремите на „Илинденска“ јавноста се разбранува со минатонеделното уништување на десетиците липи покрај „Климент Охридски“. И нив ги најде истата судбина, отидоа под налетот ��а моторните пили за улицата да се прошири со една-две ленти. И со овој потег Скопје изгуби уште едни бели дробови, уште една симболика, и тоа не само естетска, туку и еколошка.

Во меѓувреме, на сметка на багремите добивме булевар, а од курбан липите Скопје ќе добие уште една попроточна улица. И од тополите (ќе) имаме жив ќар, но само од сообраќаен аспект. Зеленилото и дотогаш количински изброено на прсти, дефинитивно, отиде во минатото.

Некој ќе рече „ако сакате да живеете во град (Скопје), а да ви биде како на село, сменете ја домашната адреса“. Да, така е, но ниту се чуло ниту се видело да се прави касапница на зеленилото, а притоа да не се планира „подигање“ на нови зелени филтри во градската средина. Во случајов, дрвјата од „Денот на дрвото“ ни малку не се надоместување за масакрот на дрворедите во пренаселениот центар.

Не' задушија во барок, бехатон, лош асфлат... Полека, но сигурно стануваме бетонска џунгла. Не дај боже, принудно ќе дишеме на жабри. Сигурно нема да ни помогнат цветните висечки саксии на градоначалникот Тодоровиќ, ниту, пак, младите дрвца наместа брцнати по соголените предели среде новиот асфалт. Нови зелени оази, парковски површини нема ниту на хартија, а се чини далечни се и како спектакуларно најавени проекти, притоа загарантирани од страна на надлежните. Палмите на Трајановски ни оддалеку не се замена за вековните липи, багреми, тополи...Патем, и тие почнаа да се сушат.


#
Статијата е прочитана 1287 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 11.06.2011 00:48:44
Попусто се трудите г-ѓо Трајковска да објасните дека сечата на долгогодишни дрвја (липи во случајов) е еколошки, урбанистички злостор, дека се каква -таква заштита од загадувањето. Сега ќе ми рипнат платените коментатори дека, ако сакам дрвја и зеленило, да сум одел на село, во голем град се` треба да е бетон и безлично. Ги известувам дека сум од град (со генерации наназад - и тоа од најградскиот град во Македонија) каде што долгиот булевар од обете страни на реката е начичкан со липи и багреми. Берлин се гордее со својата улица Unter den Linden ( Под Липите), коментаторите од дијаспората (австралија) знаат дека ако сакаат да исечат дрво дури и во сопствениот двор, мораат да бараат дозвола од локалните власти. А кај нас, „селјаците“ кому им е смачено од зеленило и дрвја и со својата приградска психологија на маргиналци, расчистуваат се` што е зелено без усул, немилосрдно, одмаздољубиво. И грешка се за комунистичкото сивило, зеленилото е од нивно време.
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:18:02
Pozitiva e spas. Od cmaenje ne si pomagame. Na primer, zamisli si deka ovie bile VMROvski lipi. Ete sreka za tebe.
Од: goran - Kumanovo
Датум: 11.06.2011 07:28:25
Mislam deka imavme zelena partija DOM na Ljiljance ili mozebi se lazam od tolku dolgo koaliciranje izgleda pocrvene i Ljiljana i dobro i e uste eden mandat i ke moze da odi vo penzija
Од: deli
Датум: 11.06.2011 07:37:32
Zavisi, kakvi se prioriteti. Zavisi od žiteli - gragjani, kako ke se postavat prema toa, kako se razviva nivniot grad. Neka si kažat svoe - na glas! Sve si ima svoi plusovi i minusi, i selo i grad. No toa, deka nekoj živee vo grad ne go pravi ni podobar, ni popameten od toj, što so potcenuvanje "Skopjani" ke go narečat "seljak". Baš naprotiv, mislam, deka podobro e da se živee vo mir i zelenilo na selo - ako ima tamu USLOVI za živeanje kako vo 21. vek - struja, vodovod, soliden pat, školo, prodavnica, organiziran autobuski soobrakaj, pošta i doktor vo prifatliva blizina, nego da se guši čovek vo ispušni gasovi i betonski i asfaltni površini, što vrijat na sonce - vo Skopje. No - sekoj za sebe, prema svoj izbor (ako voopšto ima nekakov).
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.
Датум: 11.06.2011 10:55:31
Pljuc,pljuc si plukam ja vo kolumnava denesna !! Lele lepite gi isekoa vo barok ne presoblekoa !! Pod lipite izrasnav na klupite sedev na devojkata ljubovni pesni i redev !! No dojde vreme gjavol da gi zeme bulevari ni trebaat auta po niv da begaat !! Lipite ubavi bile ama lugjeto vo smog se zadusile !! Oti na semafori dolgo se stoi ama CO2 nikoj ne broi !! Eh pusto Makedonc(k)e(a) nisto ne mu (i) e mlio oti od drug bilo !!
Од: skopjanec
Датум: 11.06.2011 15:49:22
Za zal ne se samo lipite na bul.Kliment Ohridski,poglednete kakov masakr e napraven na park sumata Vodno,poglednete na sto lici gradskiot park koj nekogas bese vistinska zelena oaza na gragjanite na Skopje a denes e pretvoren vo ogromen parking prostor, trgovski centar i ugostitelski lokali a do tamu se odi so avtomobil.Se posadija stotici iljadi sadnici no gradskiot park bese zaobikolen vo dosegasnie akcii " zasadi drvo " sto za mene kako gragjanin na ovoj grad e potpolno nerazbirlovo.Skopje za zal ne moze dase pofali deka ima dovolno zelenilo no i covekot so svoitye neprimereni aktivnosto doprinesuva taa sostoba uste poveke da se vlosi.Se prasuvam kade se sega aktivistite na akcijata " zasadi drvo " kako i partijata na zelenite na na celo so nejziniot pretsedatel Liljana Popovska da reagiraat i da ja osudat ovaa akcija na unistuvanje na zeleniloto na bul.Kl.Ohridski
Од: Caki
Датум: 12.06.2011 02:37:26
A jas naivno veruvav kje prestanete so kenjkanje i ligavenje posle izborite!Avtorkata tret pat pishuva za drva!Prvo palmi(koi se sushat) pa beshe za vrbi(zhalni) a eve sega lipi, pa patem ne potseti za palmite(se sushat de!) Ochekuvam kolumna za kromid i grav vo sledniot broj!!
Од: Ин мемориам
Датум: 12.06.2011 05:03:05
Мене ми е мило што се организира Денот на дрвото, но како да забораваме дека не живееме по планините и нивите, туку во градовите и дека и во нив треба да има зеленило. Пред да дојдат на власт се сеќавам дека за Скопје ветуваа трамвај, подземни сообраќајници, подземни пешачки премини, ... а види сега, еден куп бетон и натпревар во сечење дрвја. Ама ако, и нивните деца ќе живеат во овој град и ќе дишат од истиот воздух.
Од: Komentator
Датум: 12.06.2011 18:12:51
Ti...Caki ne trebe da cekas kolumna za grav i ostanato najdobro da se vratis od tamu kade od toa mesto kaj sekoj den si gi gledal i ti dosadija pa dojde v grad...So takvite kako tebe togas mnogu problemi vo mojot grad ke bidat reseni...!!!

Најди! во Утрински
Втора страница
Соња Крамарска нов главен и одговорен уредник на „Утрински весник“
Вербатим
Останете со „Утрински весник“
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Филе прогнозира преговори со нас годинава

"""