Филе прогнозира преговори со нас годинава
Брисел - Гледам перспектива до крајот на годината Европската комисија да почне преговори за присоединување кон ЕУ со уште земји од Западен Балкан, на пример, со Македонија, каде што имаше успешни парламентарни избори, изјави на прес-конференција во Брисел еврокомесарот за проширување, Штефан Филе.
Тој оцени дека „моментот за Македонија настапува сега “ и изрази очекување Атина и Скопје да го искористат за да п��стигнат решение, како што препорачува ЕУ.
„ЕК ги заврши денеска преговорите со Хрватска, работата е завршена. Сега земјите од ЕУ треба да одлучат дали може преговорите да се сметаат за завршени и да се потпише договор за присоединување“, посочи еврокомесарот.
Еврокомесарот истакна дека патот на Хрватска кон ЕУ започнал уште во октомври 2005 година, и за тоа време земјата извршила сериозни промени кон обезбедување владеење на правото и кон пазарна економија. (МИА) |