Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Втора страница

Останете со „Утрински весник“

Почитувани читатели,

Точно 12 години колку што постои „Утрински весник“ ме читавте како автор - проследувач на политичките настани и состојби во државата. Отсега ќе бидам и главен и одговорен уредник на „Утрински весник“. Ќе се потрудам заедно со новинарите и со уредниците да ви понудам интересно четиво, но овој пат на поинаков начин отколку досега.

Новинарскиот производ, било да се работи за телевизиска или за пишувана стори��а, е како храна. Или ќе ви остави добар вкус и повторно ќе ја консумирате или нема повторно да и' се вратите. Тоа значи дека не смее да биде премногу зачинета ниту да има премногу состојки што ќе ви предизвикаат мачнина во стомакот. Треба да биде така создадена за да можете со кеиф да ја сварите. Ние ќе се придржуваме кон тие правила.

Новинарството во Македонија се најде во криза, и тоа не само финансиска, туку и криза на идентитетот, моралот, етиката, стручноста и професионалноста. Весниците и телевизиите повеќе не поставуваат свои агенди, туку целосно им се предадоа на агендите на политичарите и на бизнис-елитата. Новинарите се' повеќе се само гости во своите написи и телевизиски прилози. Тие се повлекоа од медиумите и своето место им го отстапија на разно-разни експерти, кои своите политички ставови ги пласираат како експертски мислења. Тие говорат наместо новинарите. Ги запоседнаа скапите страници на весниците и лапаат ексклузивни минутажи на телевизиите. За мене од неразбирливи причини, им ја предадовме ним нашата професија.

„Утрински весник“ целосно ќе се посвети на она што се нарекува вистинско новинарство. Ние нема да се криеме зад експерти и аналитичари. Се разбира, ќе ги користиме нивните мислења, но онаму каде што навистина е потребно, а новинарите се тие што ќе мора да застанат зад своите написи и да носат одговорност за нив.

Ќе го развиваме и граѓанското новинарство. Многумина велат дека македонските медиуми се оптоварени со политика и затоа немаат тиражи и гледаност. Јас мислам дека нема премногу политика, туку дека се создава таков впечаток бидејќи отсуствуваат стории што обработуваат граѓански теми. Затоа, отсега па натаму, ќе му се посветиме и на тој дел.

Дали ве интересира каде најдобро може да се јаде во Скопје и во други градови и во кои ресторани услугата е најдобра? Дали сакате да прочитате приказна за девојката што добива награди во светот, а тука е анонимна? Дали можеби сакате да интервјуирате некоја позната личност? Што велите на тоа еднаш неделно да ве почестиме со озборувачка колумна? Имате ли прашање до некого што само „Утрински весник“ може да го проследи и да ви врати одговор?

Подгответе се за една нова врска, нов почеток, меѓу вас, почитувани читатели, и „Утрински весник“ затоа што ние сме подготвени. Новото време носи нови предизвици.

Некои велат дека во ерата на интернетот и општата дигитализација во секојдневното живеење весниците повеќе немаат шанса. Јас не се согласувам. Сметам дека новинарството, и тоа печатеното, добива нова шанса. Ако весниците на Запад, таму каде што јавноста е многу пребирлива и каде што интернетот е далеку поприсутен, успеваат да ги обноват своите тиражи, зошто не и ние?

Нема да се жалиме на притисоци, кочници и ограничување на новинарските слободи во битката што ни претстои. Новинарската слобода се освојува, а не се подарува. Веќе стана здодевно да се слушаат лелекањата на новинарството. Ние тешкотиите ги сметаме за составен дел на оваа професија.

Бидете живи, здрави, среќни и весели и читајте „Утрински весник“. Отсега натаму наша цел е да ви се исплати секој „ден“ даден за „Утрински весник“.

Со срдечен поздрав

Соња Крамарска


#
Статијата е прочитана 1501 пати.

Испрати коментар

Од: Laska
Датум: 11.06.2011 00:19:49
Само кратко: критика кон власта не е исто како и критика кон партија...
Од: makedonce vo eu
Датум: 11.06.2011 02:47:26
eden od najlosite vesnici vo mk .
Од: USA
Датум: 11.06.2011 04:24:03
Nema koj ne se slozuva. Za pecatenite mediumi: Tirazot NIKADE vo svetot ne se zgolemuva tuku vo minative dve godini e namalen za 20%. No toa ne znaci kraj. Vo 21vi Vek investirajte poveke vo "online" izdanieto. Drugo care nema. Inaku so promenite se nadevam ke bidete konstruktivna opozicija. ;-) Ova mala jadacka
Од: Vedran
Датум: 11.06.2011 04:32:41
Pozdav od Melbourne i predlagam da otvorite i iselenicko katce? tamu bi gi opisuvale site prasanja povrzani so toa prasanje? kako na primer Zosto VIstinskiot Makedonski Ambasador vo Avstralija Kostadin Tasevski spie vo Melbourne i nikogas ne e vo Canbera a luge koj imaat potreba od AMbasadata vo Canbera ne mozat nikogas da dojdat do kontakt a AMbasadorot po IME Pero Stojanovski samo siseta po zena i so negovata nova devojka Biljana Apostolova///////ubava stranica za analiziranje na vakvite prasanja neli sega imate i ppratenik od Australija.
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 11.06.2011 05:30:21
Najprvo cestitki do noviot glaven i odgovoren urednik na vesnikot. Se nadevam deka nema da bide desnicarski i da isluzi kako"papagal" na Vladata na Gruevski,tuku i ponatamu objektivno ce gi prikazuva nastaniote vo i okolu Makedonija. Chestito i vekovito.
Од: jimmy1
Датум: 11.06.2011 06:24:16
Sonja, uste ednas cestitki do tebe i do site vo Utrinski. Me interesira dali ke vi cestita Vasko Beleski. I da ne vi cestitat da ne mu zameravate, slabo kapirat.
Од: Komentator
Датум: 11.06.2011 09:48:48
Dobre dojdovte gospoza Kramarska...so nadez deka vo Vasiot citajte nasiot vesnik ke sozdavate realna slika na sostojbite vo naseto opstestveno ekonomsko i politicko milje ostavajki na nas citetelite da nosime svoi mislenja i zakljucoci ...!!!
Од: Buntovnik
Датум: 11.06.2011 10:49:11
Ke ostaneme samo ako ne ja vratite Fidanovska, ili ako imame sreka taa sama da najde rabota vo Vecer ili Dnevnik.
Од: taa
Датум: 11.06.2011 15:46:43
Cestitiki za izborot malku svezina i novina vo Utrinski. No sepak kako citeatel i poznavac na novinare stvoto mislam deka nema da imate napredok ako vo redakcijata cuvate luge kako Stankovic od crna hronika. Covekot sedi cel den vo kafeana i izigruva golem VMROVEC so sudiite vmrovci nitu odi na sudenja nitu nosi prikazna od sud. Tekstovite sto gi pisuva se strasno nepismeni i prazni oti raboti za interesite na sudiite vmrovci. Se sto ke napisi e preraskazano od kolegi koi bile na sudenje koi se poveke begaat od nego. Go gledate na TV na inserti bidejki namerno se mesti za da mislite deka ete tamu e prv gazda. Covekot e so dosie kriminalno vo MVR i prevarant a za vas kako novinar ima mislenje na platenicka na Crvenkovski. Epa sega kako sakate no sepak cistkata od takvite vesnikot ke go podobri i te kako. Pozdrav i uspeh
Од: najdobar
Датум: 11.06.2011 18:33:07
Vo RM nema podobar vesnik. Ubedena sum deka sega so G-gja Kramarska kje bide uste podobar. Izdrzete gi udarite. pozdrav do mojot milenik Utrinski
Од: Честитки
Датум: 11.06.2011 21:44:03
Честитки,Крамарска и се надевам дека пластичното шише нема да направи од „Утрински “ нов „ Вечерен Дневник“!
Од: bulgarian
Датум: 11.06.2011 22:12:29
Vi cestitaam novoto naznacuvanje. Dokazete deka ke rabotite po evropski standardi i vednaz ja ukinete cenzurata za komentarite na vasi citateli.
Од: Snezana
Датум: 12.06.2011 00:51:03
Najprvo cestitki do glavnata i odgovorna urednicka na vesnikot i vi posakuvam zgolemen tiraz i uste dolgo da opstoite na mediumskiot pazar...sigurna sum deka utrinski ke go zadrzi svojot kurs i ke bide objektiven i konstruktiven...novinite mi se dopadjaat:)))
Од: Makedonka
Датум: 12.06.2011 19:21:27
Честитки Соња Се надевам дека со најевените содржини ке излезите од клисето на весник кој зафаќа страна... Конечно на луѓето им требаат секојдневни настани , случувања,теми во кои самите се актери ,а не само политицарите... Со среќа , да ви се нижат многу години...

Најди! во Утрински
Втора страница
Курбан липи
Соња Крамарска нов главен и одговорен уредник на „Утрински весник“
Вербатим
Враќањето на визите и натаму виси над Македонија
Филе прогнозира преговори со нас годинава

"""