Околу двесте деца од основните училишта во општината Гази Баба ќе учествуваат на „Отворените забавни детски игри 2008“, што ќе се реализираат во соработка со данско-норвешката организација „Отворени забавни фудбалски школи“. Игрите ќе започнат на 25 август во 17,30 часот и ќе траат пет дена, а ќе се одржуваат во населеното место Гоце Делчев.
Тимовите составени од по 16 деца на возраст од 7 до 11 години ќе се натпреваруваат на 12 маркирани полиња. (Сн.К.)