Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се докомплетира со кугларница

Предвидено е во склоп на салата да има и трим-патека и сауна

Миодраг Мицковиќ

Новата, прекрасна спортска сала „Борис Трајковски“ ќе се докомплетира со уште три објекти: кугларница, сауна и трим патека. Со тоа, во план е комплексот да прерасне во вистински спортски центар.

При изградбата на салата не беа предвидени средства за овие три придружни објекти, но сега, по нејзиното почнување со работа, се чувствува потреба за такво нешто, особено за кугларницата, со оглед дека последниве години куглањето е еден од најтрофејните спортови во Македонија. Во салата веќе постои просторија во која треба да се изгради и опреми една од најмодерните кугларници на Балканот. Таа ќе располага со осум патеки, со сите електронски уреди, и на неа ќе можат да се одржуваат светски и европски првенства.

Како што ни изјави директорот на салата, Борис Змејковски, веќе е доставен предлог со финансиска конструкција до Владата на Македонија да се издвојат средства за изградба на кугларница, сауна и трим-патека. За нив досега не беа предвидени дополнителни средства, но тој се надева дека со ребалансот на Буџетот, сепак, ќе се изнајдат средства, особено што овој предлог доби позитивно мислење од Владата и има зелено светло и од премиерот Никола Груевски.

Се очекува, доколку нема некои процедурални проблеми и ако се забрзаат тендерите, дека најпрвин ќе биде готова кугларницата, бидејќи за неа има најмногу потреба. Особено што од брзината на изградбата на кугларницата зависи дали Македонија ќе биде организатор на Европскиот и НБЦ-купот во октомври идната година, на кој треба да настапат 32 екипи од цела Европа. На претстојниот Конгрес на Меѓународната кугларска федерација, што ќе се одржи кон крајот на овој месец во романскиот град Сибиу, делегацијата на Македонија треба да даде цврста гаранција дека кугларницата ќе биде готова идната година, за да не ја загуби веќе добиената организација.

Според веќе утврден план, готови се и проектите за сауната и за трим-патеката и се чека само да се обезбедат средства за да се распишат тендери и да почне реализацијата за сите три објекти. Така комплетирана, салата „Борис Трајковски“ целосно ќе се оформи во голем спортски центар.




Статијата е прочитана 237 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Од 1 септември приватните автобуси ќе возат со електронски картички
Ќе се градат нови патеки за велосипеди
Без решение за запалените улични светилки и дење
Забавни детски игри во Г.Баба

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.