Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Децата-зависници нема каде да се згрижат и лекуваат

Уличните деца ќе се сместуваат во домови, но децата што се дрогираат нема каде да се лекуваат

Даниела Трпчевска


Уличните деца и оние што бришат стакла на автомобилите етапно ќе бидат тргнати од скопските улици и ќе бидат згрижени, но државата се' уште нема изградено стратегија за лекување на малолетните зависници. Во земјава не постои установа која би можела да ги лекува децата што вдишуваат лепило или бронза (боја за ќунци), но и се дрогираат со игла. Во домовите за згрижување деца и младинци и во дневните центри за улични деца велат дека немаат соодветни услови за згрижување на децата-зависници на кои им е неопходна лекарска помош, а во дневните центри за улични деца стравуваат дека малолетниците што се уживатели на дрога можат да дејствуваат како „бомба” во средината и негативно да влијаат на останатите деца, со кои мака мачат да ги одвикнат од уличниот и девијантен живот.

„Ова е проблем кој одеднаш доживеа експанзија и немаме установа која ќе ги прифати децата. Агресивни се, може лесно да западнат во неприлики и не можеме да ги мешаме со другите деца во дневните центри“, укажуваат социјалните работници.

Според Ана Панчева од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, нивните екипи изминатите години постојано биле на терен, каде што ги забележале и првите случаи на деца кои вдишуваат лепило. „Веднаш ја алармиравме полицијата, бидејќи најмалото дете што го евидентиравме дека вдишува лепило имаше само пет години“, вели Панчева.

Но, што ќе се случи ако малолетните зависници бидат сместени во Домот „25 Мај“ или во дневните центри во Кисела Вода и Автокоманда, е дилемата со која се соочуваат социјалните работници, укажувајќи дека мешањето на децата би можело да предизвика големи проблеми.

„Постојано нашите екипи одат на терен за да ги тргнеме децата од улица и да ги сместиме некаде, но каде? Се наоѓаме во некој магичен круг и не може да се најде модел и форма каде да се згрижат децата. За да се лекуваат на Клиниката за психијатрија, треба упат, а тие најчесто немаат никакви документи, ниту, пак, право на здравствена заштита. Во болницата во Бардовци нема соодветно сместување за нив, а Дневниот центар за наркозависници во Кисела Вода ги згрижува само полнолетните. За малолетниците едноставно нема никакво решение“, укажуваат социјалните работници.

Ова го потврдуваат и во Министерството за здравство, каде што се во тек два проекта за метадонски третман на зависниците, но според Законот, со нив се опфатени само лица над 18 години. Тоа дека државата се наоѓа пред голем предизвик да го реши овој горлив проблем потврдува и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Душко Миновски. „Станува ��бор за многу сериозен проблем, но засега сме неподготвени како соодветно да го решиме. Ваквите деца треба да бидат сместени во посебни институции, изолирани од другите улични деца, со посебен лекарски надзор, се' додека не се излекуваат од зависноста. Засега, немаме такви центри, за што е неопходна соработка со локалната самоуправа, која не треба да покажува отпор, туку разбирање да помогне да се реши овој проблем“, вели Миновски.

Во изминатите четири години од страна на социјалните работници се евидентирани над 360 деца што питачат на возраст од 4 до 14 години. За дваесетина деца од Скопје има сознанија дека се зависни од лепило и од бронза, но никој не ја знае вистинската бројка.

Полицијата најави дека со обемната акција наречена „Питачење“, планира да ги згрижи уличните деца, а родителите кои ги занемариле или ги злоупотребиле за питачење да бидат соодветно казнети. Според Миновски, оваа акција, за да успее, мора да биде континуирана.

„Кога ќе успееме неколкумина да казниме поради занемарување на децата или, пак, да им го одземеме родителското право, дури тогаш можеби работите ќе тргнат во поинаква насока“, укажува Миновски.

Прилепските ромски невладини организации изразуваат незадоволство поради акцијата на МВР за приведување на децата-питачи и нивните родители од улица. Тие тврдат дека тоа е несоодветно решение за овој крупен социјален проблем, кој државата треба да го решава со стратегија за згрижување на ромските семејства кои се наоѓаат на работ од егзистенцијата.

Но, надлежните сметаат дека акцијата би можела да помогне да се отстрани грдата слика од скопските улици, каде што родители ги оставаат своите новороденчиња на картонски кутии, премрзнати и голи, за случајните минувачи да се смилуваат и да им остават некој денар.


Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар

Од: od mene
Датум: 13.09.2008 11:01:45
Vo toa Ministerstvo za socijala samo toj li Dusko raboti. Pa, covece frizider da otvoris, nego ke go vidis. Na televizija, na radio, vo vesnik, samo toj pa toj. Dajte, simnete go od dneven red, pa toj treba da se lekuva od alhohol, a zboruva za zavisno sti. Sramota. Gruevski ke se fali so rejting, a nema asalen covek da stavi na ovaa funkcija drzaven sekretar vo MTSP

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Сатанисти во Русија убиле и јаделе тинејџери
Раскрсницата кај Здуње со семафори
Еден повреден во железничка несреќа
Труп во распаѓање пронајден во Битолско