Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хроника

Сатанисти во Русија убиле и јаделе тинејџери

МОСКВА - Осум осомничени сатанисти се уапсени во Русија, поради тоа што наводно убиле со нож и јаделе делови од телата на четворица тинејџери. Четирите жртви биле намамени поединечно во куќичка во природа во регионот Јарослав на реката Волга, објави популарен руски таблоид. Секој од тинејџерите бил прободен со нож „666 пати“, како дел од сатански ритуал, пишува дневниот весник „Комсомолскаја правда“, повикувајќи се на истрагата.

Жртвите, наводно, биле принудени да се опијанат, па биле убивани и масакрирани. Потоа, убијците палеле оган под дрво во близина на куќичката, и таму печеле и јаделе делови од телата на жртвите, се дознава од информациите. Влакна од жртвите биле пронајдени во вжарената пепел на огнот.

Во написот, исто така, се цитираат сослушувањата на осомничените и се истакнува дека полицијата ги прислушувала нивните телефонски повици по убиството. Жртвите - три девојчиња и едно момче - биле на возраст меѓу 16 и 17 години и и' припаѓале на супкултурата „Варварски кругови“, која е многу популарна во провинциска Русија, пишува „Космомолскаја правда“. (Скај њус)

 


Статијата е прочитана 1143 пати.

Испрати коментар

Од: sime
Датум: 13.09.2008 09:09:22
gledajte be cuveci so ne ceka na site nas
Од: димитар
Датум: 14.09.2008 14:27:07
Бесење на плоштад на сите сатанисти!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Хроника
Децата-зависници нема каде да се згрижат и лекуваат
Раскрсницата кај Здуње со семафори
Еден повреден во железничка несреќа
Труп во распаѓање пронајден во Битолско