Есад М. (51) од тетовското село Доброште е повреден во железничка несреќа што се случила завчеравечер кај железничкиот премин во селото Ратае. Според МВР, дошло до судир меѓу локомотива и автомобил „форд“, што го управувал Есад М., кој се здобил со сериозни повреди. Тој е пренесен во тетовската болница. Истрагата е во тек. (Г.Е.)