Број 3424  петок, 05 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
Забава

Јубилеј

„Златно славејче“ прославува 40 години постоење

Од 10 до 15 ноември во Универзална сала ќе се одржи најновото издание на најстариот фестивал на детска песна

Шеснаесет нови песни ќе бидат изведени на јубилејното 40. издание на најстариот фестивал на детска песна „Златно славејче“, што ќе се одржи од 10 до 15 ноември во Универзалната сала во Скопје, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на град Скопје.

„Ова е голем јубилеј со кој се гордееме и кој се совпаѓа со добивањето на 13-ноемвриската награда на град Скопје, што е големо признание за сите досегашни учесници. Се надевам дека наградата е заслужена и дека манифестацијата ќе продолжи и натаму успешно да опстојува на македонската културна сцена“, изјави на вчерашната прес-конференција Бобан Јосифовски, извршен директор на фестивалот.

Претставите на јубилејното издание ќе се одвиваат од 11 и 13 часот секој ден, а в сабота (13 ноември) ќе има уште еден дополнителен термин, со почеток во 18 часот. По повод роденденот, секој посетител со купена влезница чија сцена е 150 ден., на подарок ќе добие и бесплатно ЦД со песните од новото издание. „Ќе имаме и гости - деца од Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора и едно дете на наши иселеници од Лондон, Христијан Крстев. Првата приредба в среда (10 ноември) е со хуманитарен карактер, специјално за децата со посебни потреби, деца без родители, штитеници на „Златан Сремац“... Токму едно од овие дечиња ќе биде и дел од програмата, се работи за слепо дете што е многу музикално и што ќе ја пее песната „Скијач“, додаде Јосифовски.

Уметнички директор на фестивалот е Александар Џамбазов, а како автори на сценариото се јавуваат Ристо Самарџиев и Влатко Илиевски, кого ќе го видиме и во улога на водител. Покровител на фестивалот е претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, кој по завршувањето, ќе организира и прием за златните славејчиња во својата вила на Водно.

Јубилејот на „Златно славејче“ ќе се прославува и со гала свечен концерт што ќе се одржи на 16 декември во Универзалната сала и на кој ќе бидат поканети сите негови досегашни учесници, како и со издавање на монографијата „40 години ’Златно славејче’“, односно промоција на двојно цеде на кое ќе бидат сместени најголемите фестивалски хитови. (К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 579 пати.

Испрати коментар

Од: Vesna
Датум: 05.11.2010 12:45:01
Moite deca porasnaa so Zlatno slavejce i dodeka bea mali nemase sansi da se propusti nitu edna godina. Cestit jubilej i uste mnogu mnogu godini mu posakuvam da bide prisuten megu nas
Од: м и л ч о
Датум: 06.11.2010 10:40:14
да и моите деца пораснаа така , но тогаш немаше pleystation 2 , сегашните деца не знаат за златно славеиче ,а камоли цела година да ги слушаат песните на славеичето ,,сега има такви игри не ги инетресираат песни,,, дирекно си слушаат од интернет песни на менуване на самоличноста т .е .песни кои во догледно време ке ни го сменат индентитетот ,, или гелдаат цртани со убиване ,насилство ,,но тоа е,, времето не се може да се врати ......

Најди! во Утрински
Забава
Aко сакаш да го живееш сонот, не смееш да спиеш
Браво зумба!
Профил
Синовите ме натераа на признание дека сум геј






Bulgarian president sets up new political group
Romania makes its mark as a regional player
Danube strategy aims to increase river cargo traffic