РИКИ МАРТИН
Синовите ме натераа на признание дека сум геј
Популарниот пејач Рики Мартин, кој со помош на сурогат-мајка доби два сина, вели дека тие му го смениле животот и го натерале да признае дека е геј. Тој изјавил дека неговите близнаци Валентино и Матео се главни виновници за оваа одлука. Музичарот во март, преку својот блог, објавил дека е хомосексуалец, што беше повод да гостува во емисијата на популарната водителка Опра Винфри. Според неговите зборови, бил преплашен, но во исто време почувствувал и големо олеснување и слобода. Пејачот долго време размислувал за тоа што да ги учи своите деца, како да им ја каже вистината за своето определување. На крај седнал и сам со себе расчистил некои работи. И пред да одлучи да стане татко, со помош на сурогат-мајка, знаел дека е геј. Сепак, кога децата се родиле и кога ги држел во прегратка, сфатил дека треба да и' признае на јавноста дека е хомосексуалец. Рики Мартин, исто така, открил и дека сега е вљубен, но не сакал да изнесува детали за тоа кој маж успеал да го освои срцето на еден од најсексапилните поп-ѕвезди. |