Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Грипот зема залет

Монтирана е термална камера на аеродромот „Александар Велики“

Новиот грип зема залет, а бројот на сомнителни случаи секојдневно расте. Во текот на вчерашниот ден на Инфективната клиника се примени уште два нови сомнителни случаја.

Според информациите од Министерството за здравство, едниот пациент бил на студии во Софија и пред неколку дена пристигнал во земјава, по што почувствувал треска и исцрпеност. По препорака на матичниот лекар, тој се јавил на преглед во Клиниката за инфективни болести, каде што е веднаш хоспитализиран.

Вториот пациент е роден и живее во Австралија. За време на престојот во Македонија, добил симптоми на грип, како што се болка во грлото, сува кашлица и покачена телесна температура, по што е префрлен на Клиниката за инфективни болести.

И вчера Министерството за здравство не излезе со податок од каде се новите случаи. Веројатно повторно со истото објаснување, дека ќе бидат прекршени правата на пациентите, бидејќи сме мала средина, а тие лесно може да бидат препознаени.

Со новите случаи бројот на инфицираните се искачи на 11, од кои двајца веќе се пуштени дома. Моментно, на Клиниката за инфективни болести вкупно се хоспитализирани девет пациенти. Според клиничкиот извештај, здравствената состојба кај сите е стабилна и покажува прогресивно подобрување. За сите сомнителни пациенти во тек се лабораториските анализи за потврда на типот на вирусот.

Термалната камера за детекција на покачена телесна температура на болните на скопскиот аеродром „Александар Велики“ веќе е монтирана. Но, системот се' уште не е ставен во функција. Како што велат во Министерството за здравство, од вчера кадарот се обучува како да работи со апаратот. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 07.07.2009 00:20:50
Цената на Тамифлу таблетките се 1.996,оо денари,засраметесе сите од Владата.А,што ако навистина се разболат Македонците,кој ке купи толку скапи таблети,или требе да умрат..Да сте во ЕУ,вакви потези што правите мислам дека нема да ве трпат ни два часа,не 4 години...Срамота!///Ако веке ги сакате Македонците како што не терате да се чуствуваме славни,нели треба и да не заштитите,па тие таблети да се без пари..Вие и сите политичари од Македонија ги мразите Македонците.Позз до утрински
Од: boka
Датум: 07.07.2009 13:18:16
do Mkedonija.ne imalo pa i ke nema asalni luge na vlast vo Makedonija site gledaat da zgrabat sto mozat po veke pari za nivnite semejstva i familiii i caooooo e taka ne se odi napred samo nazad .GOSPOD DANI E NA POMOS

Најди! во Утрински
Македонија
Дедо Михаил заборавен од МПЦ
Охрид скап и полупразен
Триста берачи на вишни во Делчево се пожалија на труење