Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Билјана во фотелјата на Груевски

Граѓаните вчера имаат можност со обиколка на работните простории на Владата да се запознаат директно со начинот на нејзината работа, организациската поставеност и со спроведувањето на владините политики, како дел од манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“, што се одржува трет пат, пренесе агенцијата МИА.

Интерес за манифестацијата покажаа околу 300 граѓани, меѓу кои студенти, пензионери, вработени граѓани, како и ученици. Некои изнесоа и оцени за политиката на Владата, а други дошле со цел да ги пренесат своите сугестии за идното работење на владиниот кабинет. Можност да седне во работниот стол на премиерот Никола Груевски имаше студентката Билјана од Школата по новинарство на МИМ.

„Столот беше многу удобен, како што и се очекува. Во целата просторија се чувствува позитивна енергија и мислам дека сме на вистински пат“, изјави таа порачувајќи дека меѓу граѓаните првенствено треба да се смени меѓусебниот однос и сите да бидат поотворени и пошироки.

Според портпаролот на Владата, Мартин Мартиновски, манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ е начин на кој во континуитет се покажува концептот на владиниот принцип на отвореност за да можат сите граѓани да се запознаат со начинот на кој функционираат институциите во државата. (П.Р.)


#
Статијата е прочитана 3205 пати.

Испрати коментар

Од: od mene
Датум: 13.11.2010 12:18:04
E golema rabota vo cija fotelja si sednala...
Од: realen
Датум: 13.11.2010 13:05:04
E kolku fotelji se smeneti, skrseni; fotelji na koi sedele i popametni i poiskusni, no da se sedne vo fotelja na recisi vrsnik - e toa e sigurno za pametenje. Pusta mladost, zanesenost, glupost.
Од: Трпе
Датум: 13.11.2010 15:30:14
Фотелјата на премиерот како и на министрите се берберски столови.Муштерите редовно се менуват.Но ова идната новинарка дали после седнувањето на премиерскиот стол веднаш отишла на бањање или никој не и кажал дека на овој стол може да има и бактерии.Ова фотелја шири зараза низ обичниот народ,затоа обично се изработени од кожа.А другите кои поминале по црвениот тепих дали биле портокалово облечени со вградени посебни чипови во нивните глави.Овците овчарот ѓи избира како негови миленици.Недајбоже да имало и по некој крлеж,цел живот ке имат алергија.
Од: јас
Датум: 13.11.2010 19:44:28
Добра беше девојката вчера на ТВ , кога „изјави“ дека „ќе се продолжело со Скопје 2014“ , па после кажа дека се шегува..Само сопственикот на фотелјата ни за жива глава не се шегува !!

Најди! во Утрински
На прво место
Ивановски оди на Врховен суд
Новинарите формираа свој самостоен синдикат
Данева






'Wrong answers' on Kosovo could block Serbia's EU candidacy
Ally threatens to abandon Borisov over praise of Zhivkov
EPP president criticises commission's report on Albania