Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
На прво место

Ивановски оди на Врховен суд

Поранешниот претседател на Уставен суд најави дека кривично ќе го гони Аџиев за клевета

Гордана Дувњак

Експретседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, смета дека неговиот случај е политички за да се покрие лустрацискиот процес. Тој тврди дека сомневањето му се потврдило по вчерашното добивање на одлуката на Управниот суд, кој ја одби неговата тужба против Комисијата за верификација на фактите, која го прогласи за соработник на тајните служби. Ивановски го оцени како „скандалозно и удар врз правната држава“ тоа што за одлуката дознал еден ден порано преку еден провладин медиум, иако цело време се кажувало дека постапката е строго доверлива и затоа мора одлуката лично да ја подигне од Управниот суд. Но, и покрај тоа што вчераутро тој отишол да го направи тоа, по еден час чекање не ја добил одлуката, а откако најавил брифинг со новинарите експресно му била доставена преку курир.

На ист начин е информиран и претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев. Првиот човек на лустраторите не сакаше да ја коментира пресудата на Управниот суд за тужбата на Ивановски, туку само рече дека се потврдиле нивните наоди. Тој нагласи дека, доколку има жалба до Врховен суд, Комисијата ќе чека што ќе одлучи највисокиот суд, па во зависност од одлуката ќе се постапува натаму.

„Ако лустрацијата се сведе само на мене, колку и да е вистина, тешко дека некој во јавноста ќе го проголта тоа дека во цела Македонија, од 1944 година па до денес, имало само еден соработник на тајните служба“, рече Ивановски на средбата со новинарите. Тој е убеден дека е жртва на тоа што не припаѓа на ниту еден политички табор, што се покажало во другите случаи кога партиите се растрчале да ги спасат своите сопартијци.

Ивановски рече дека не припаѓа ниту на левицата ниту на десницата. „Оттука, за мене немаше пазарења како за другите случаи што ги разгледувала Комисијата“, додаде тој.

Ивановски тврди дека неговото досие, кое го водела УДБА за него, е лично, односно политичко досие, а не соработничко, како што утврди Комисијата за лустрација. Вели дека станува збор за репресирано лице што било прогонувано во средношколските години за младонационалистички идеи. Но, тој е најмногу разочаран од тоа што Управниот суд не отишол ни чекор во утврдувањето на фактичката состојба ниту, пак, се потрудил да ги провери нивните укажувања за нелогичностите, недостатоците и фабрикациите.

Ивановски, единствен за кој досега Комисијата за лустрација потврди дека соработувал со тајните служби, најави дека ќе ја продолжи правната битка пред Врховен суд, кој ќе треба да ја преиспита одлуката на Управниот суд, а ако е неопходно и пред Судот за човекови права во Стразбур. Тој тврди дека не бил соработник, туку жртва на безбедносните служби, оти Комисијата за лустрација погрешно ја утврдила фактичката состојба и дека во досието за него има грешки и фалсификати.

Според Ивановски, Управниот суд не ја завршил работата како што треба и, како што кажа, со тоа се доведува во прашање независноста на судството, па не случајно е таква и оцената на Европската комисија за состојбите во судството во Македонија. Уставниот судија најави и кривична тужба за претседателот на Комисијата за лустрација, затоа што Томе Аџиев тврдел дека имал потпишан документ за соработка со тајните служби што, пак, Ивановски го негираше. Тој побара да се објават сите документи за него, од кои може да се види дека бил соработник, но, како што рече, нема такво нешто, бидејќи 45 години немал никаков контакт со безбедносните служби.


#
Статијата е прочитана 1169 пати.

Испрат�� коментар

Од: Kalimero
Датум: 13.11.2010 12:48:26
Vo Makedonija imame samo eden kodos i nikoj ni poveke ni pomalku. Nitu kooliconite pratneri na Pastirot koj imaat svoj TV, koj vo sekoe vreme za niv nema kriza. Nitu eden drug kodos ne najdoe Komisijata za lustracija. Koja ja vode samouvereniot pretsedatel Tome, koj so pastirot na levoto ramo tolku lesno di donesuva odlukite, komentira i brane, sto misle deka nekoj ke mu gi zaborave grevovite. Ako tolku e sugiren vo odlukata na komisijata, dali moze da garantira deka na negov privaten trosok ke ja plate kaznata koja ke dojde od Sudot za covekovi prava vo Strazbur. Dodeka ne se povede licna odgovornost i sekoj od funkcionerite ne bide mavnat po svojot dzep za svoite glupavi odluki, ke imame cirkus vo makedonskite isnstitucii. Ili pak vo najmala raka `nepolitiziranite`sudii da gi pokrijat troskovite od nivnite glupavi presudi koj pagaat vo Strazbur.
Од: realen
Датум: 13.11.2010 13:09:45
Nemam komentar za sudstvoto pod vodstvo na Manevski. Na Ivanovski mu posauvam sreka vo Strazbur, bidejki na Vrhoven ke bide istoto scenario.
Од: Goran
Датум: 13.11.2010 15:05:34
Alooooo !!!!Realen , pa zarem ne gledaš deka čovekot koj do včera beše prv čovek na Ustaven bil kodoš "dokažano so argumenti" a sega saka do Vrhoven da se pere , nema da mu pomogne mnogu ni Srazbur oti se mu e dokažano doma.ne moće čovek so toa odnesuvanje i da misli deka ako bil prv na Ustaven deka treba da mu se progleda niz prsti.Sramota od eden sudija ama toa e realnosta kaj nas vo sudstvoto i drćavata,a za toa ne e vinovna VMRO-DPMNE ami toa se vleče od početok na 91 -vata god. i parlamentarni izbori so SDSM i zaposluvanje na členovi,prodavanje na firmi(privatizacija)na "naši" sponzori itn.Od ovaa situacija ne biva zdrava država koj i da e a i koj i da dojde.
Од: SPIRIDON /do Goran/
Датум: 13.11.2010 20:18:00
Aloooo....Goraneeeee...žal mi e šo čoveko,ne presedatelo na Ustaven sud,ej jasno li ti e šo u edna država,ako e država e Ustaven sud,institucija bate,ne političko krilo,kako vrhovnio,sudskio i obvinitelskio sovet,namerno gi pišuvam so mala,takva zaslužavat,žal mi e za čoveko šo e žrtva na bezumen politički progon.Koj e nastradan od negovoto "kodošenje".Izgleda najnogu nastrada komisijata za "ilustracuja",takvo e nijnoto lustriračko povedenie.Sramota,zaplašuvat go narodo,demek na sekoj možeme da mu ja "skroeme",a?Toa e strašnoto,Gorančo,šo ako ne poslušaš ednška ojde kurban,ke te ilustrirat.Reće li se "kučeto besno" odi dokaži posle deka i ne bilo kuče.Da dušo,ja ne zaradi B.C.ili Ljubče,za mojte deca sakam da ima red u vaa država,da ne gi ilustrira sekoja ..persona ako ne go delat,množat ili ne go esapat negovoto mislenje.Od staro vreme toa se vika i ke se vika demokratija,razbiraš me neli?
Од: citatel
Датум: 13.11.2010 21:18:20
Sto bara ovaj kodos uste? Zer ima lice uste da se pojavuva vo javnosta? Kogo ke go tuzi? Ami jadniot e za v zatvor!
Од: zdravko
Датум: 14.11.2010 11:21:01
ovaj sudija ima potpisano izjava deka ne sorabotuval so dbk a posle kazuva deka vo mladi godinimu pravaat dosiee ako znael za dosieto vo mladi godini oti vo 1998 ne go pobaral i ne go izlozil vo javnost tuku cutel celo vreme mislam deka nesto mati

Најди! во Утрински
На прво место
Билјана во фотелјата на Груевски
Новинарите формираа свој самостоен синдикат
Данева






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry