Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Градоначалникот на Карпош го остави на улица младинскиот центар „Вавилон“

Со одлука на Димиќ била сменета бравата на просториите кои ги користел центарот

Деспина Трајковска

Двесте членови на Младинскиот едукативен центар „Вавилон“ останаа на улица откако в.д. градоначалникот на Општина Карпош, Саша Димиќ,не им дозволи пристап до работните простории што ги користеа во изминативе седум години. Во вторникот, без никаква најава и предупредување, тврдат од „Вавилон“, градоначалникот испратил извршители кои ја смениле бравата на центарот што се наоѓа во просториите на месната заедница во Карпош 1. Револтирани од гестот на општината, триесетина младинци вчера импровизираа едукативен час пред општинските бараки, користејќи дел од опремата која успеале да ја спасат од затворените простории.

„Општината ни заби нож во грб. Нефер и некоректно не' исфрли од просториите. Целта на нашиот денешен мирен протест е да му покажеме на градоначалникот дека младинскиот активизам го остави на улица и дека стави клуч на врата на центар кој развива неформално образование, едукација и практична работа за млади“, изјави Маја Стојановска, генерален секретар на „Вавилон“, и во името на членовите побара средба со в.д. градоначалникот. Но, поради негова наводна зафатеност, средбата не се одржа.

Младинците за в понеделник најавија идентичен, но помасовен протест, доколку во меѓувреме градоначалникот не ги прими на разговор на кој евентуално би го надминале недоразбирањето.

„Не е точно дека не ги предупредивме за иселувањето. Бесправно е толку години да користат општински имот без никаков надомест. Просториите во кои работеа, како и уште неколку други бесправно дадени на здруженија на граѓани, ќе се огласат за издавање, бидејќи тоа е имот на општината и за нивно користење треба да се плати кирија“, ни изјави вчера градоначалникот Димиќ, кој обвини дека овој случај е само еден од приватните проекти на некогашниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.

Прозваниот Јакимовски, пак, ги отфрла обвинувањата на негова сметка, посочувајќи дека просториите на центарот му биле отстапени во времето кога со општината раководел Андреј Петров.

Од МЕЦ „Вавилон“ објаснија дека прос��ориите ги добиле од Општина Карпош како дел од проектот на Светска банка и Агенцијата за спорт и млади за имплементација на Националната стратегија за млади. Било договорено општината да отстапи простор за користење на центарот, кој ќе има обврска единствено да ги плаќа комуналиите.

 


Статијата е прочитана 323 пати.

Испрати коментар

Од: anonymous
Датум: 29.11.2008 01:17:32
Smeshno! segashniot gradonacalnik izleguva heroj bidejki go zatvori centarot za rabotilnici i neformalno obrazovanie na lokalnite srednoshkolci (koj ne gi koshtal ni denar, osven prostorot).. .. a dvajcata minati gradonacalnici si ja prefrlaat vinata za koj ja napravil ovaa pozitivna i korisna rabota?! Crn den za mladite (i logikata) vo ovaa drzava!
Од: легалист
Датум: 29.11.2008 11:26:13
Доколку не го затвореше центарот,што јас многу сум против тоа затворање,постоеше опасност на вд. градоначалникот да му стегнат кривична пријава за ,злоупотреба на службена должност ,заради издавање на општински простории на користење без надомест..
Од: stole
Датум: 29.11.2008 14:27:45
se sto nee od vmro treba da se unisti da se sotre taka razmisluva (verovatno izvrsuva naredba) vd.gradonacalnikot na ops.karpos.sto da pravi toj (po struka avtomehanicar)i predsedatelot na ops.sovet dvajcata srednoskolci tolku im se moznostite, sposobni se da slusaat i sproveduvaat naredbi i da zaposluvaat novi administrativci po mesnite zaednici. toa se edni od podobrite kadrovski resenia na vmro dpmne, sto poogranicen podobar poslusnik.
Од: commanddevil
Датум: 29.11.2008 17:38:52
kade stapne dpmne-ovski kadar-samo pekol i razdor.neka pomisli-idat izbori-a so odnesuvanjeto i arogancijata samo si ja secat grankaTA NA KOJA SEDAT

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Започна изградбата на вториот крак на клучката-детелинка „Бит-пазар“
Општинарите се здружија во синдикат
Избор на најубаво украсен двор
Природни елки за 1.130 до 1860 денари