Општинарите се здружија во синдикат
Дел од вработените во Општина Аеродром формираа Синдикат. За претседател на Синдикалната организација, во која досега се вклучени 55 вработени од општината, е избран машинскиот инженер Дејан Антовски. Синдикатот, кој ја има целосната поддршка од Општинскиот совет, веќе побарал средба со градоначалникот Кирил Тодоровски.
„Тој не реагира на неколкуте дописи упатени до него со барање за состанок. Затоа, Синдикатот јавно го повикува градоначалникот Тодоровски на средба, за која тој самиот ќе одбере време и место. Доколку не одговори и на јавниот повик, Синдикатот ќе биде принуден да преземе посериозни мерки“, се вели во дописот Синдикатот на Општина Аеродром. (Дс.Т.)
|