Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Започна изградбата на вториот крак на клучката-детелинка „Бит-пазар“

Третата и четвртата позиција ќе се градат по целосно завршување на првите две

Екипите на градежното претпријатие „Гранит“ започнаа со работа и на втората позиција на клучката-детелинка „Бит-пазар“, кај полициската станица. Веќе еден месец се работи и на првиот крак, кај поликлиниката „Бит- пазар“. Деновиве, на двете локации се привршува со премостувањето на подземните инсталации, а се работи и на ископување и тампонирање на теренот. Следната фаза ќе биде асфалтирањето, доколку дозволат временските услови.

„Во трка сме со времето, бидејќи ако наскоро падне првиот снег и ако не успееме да асфалтираме до затворањето на асфалтните бази, ќе мора да чекаме подобри услови“, вели Коста Зекмановски, надзор на изградбата. Тој надополнува дека третата и четвртата позиција од детелинката ќе се градат по целосното завршување на првите две. „Пред да преминеме на спротивната страна на улицата, мора да создадеме услови за измена на режимот на сообраќај поради тоа што првите два крака мора да бидат асфалтирани“, вели Зекмановски.

Со изградба на клучката целосно ќе се реконструира натпатникот кај Бит- пазар, по кој во иднина сообраќајот ќе се одвива според системот вртење само вдесно. Семафорите ќе бидат извадени, бидејќи ќе нема потреба од вртење влево и вкрстување на сообраќај во спротивни правци, со што практично, ќе се сведе на минимум сообраќајниот хаос што постои сега на овој потег. За изградба на клучката кај Бит- пазар, Градот Скопје одвои 40 милиони денари. (С.Н.)

 


Статијата е прочитана 549 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Градоначалникот на Карпош го остави на улица младинскиот центар „Вавилон“
Општинарите се здружија во синдикат
Избор на најубаво украсен двор
Природни елки за 1.130 до 1860 денари