Почна пролетната дератизација
Општина Бутел ја започна пролетната дератизација. Од вчера се третираат шахтите, а за уништувањето на глодачите е планирано да бидат опфатени 1.100. Во секоја шахта ќе се поставуваат по три мамци со вкупна тежина од 150 грама.
Од Општина Бутел информираат дека годинава прв пат ќе бидат третирани и шахтите од новите канализациони мрежи во населените места Визбегово, Љуботенски Пат и селото Радишани. За поуспешно извршување дератизација, надлежните од Бутел објаснуваат дека претходно се координирале со останатите општини.
Пролетната дератизација ја извршува ДВДПУ Ветеринарна болница - Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел. (Сн.К.) |