Практиканти за комуникациски вештини
Општината Гази Баба реализира нов циклус од проектот за практиканска работа. Практикантите ќе бидат распоредени во различни сектори, според профилот на стекнатото образование, а секој од нив ќе биде надгледуван од ментор што ќе биде задолжен за целокупните активности. Од почетокот практикантите ќе посетат подготвителна обука и работилница за подобрување на комуникациските вештини и деловната етика, а сите ќе се здобијат со сертификат за посетената обука.
Сите заинтересирани за практикантската работа во Општина Гази Баба ќе можат да се пријавуваат најдоцна до 15 мај годинава и ќе треба да ја пополната апликацијата на веб-страницата - мојакариера.цом.мк.
Оваа скопска општина, всушност, го продолжува циклусот од проектот за практикантската работа во организација со Агенцијата за посредување при вработување ИТЦ Кариера и УСАИД-проектот за конкурентност. Проектот е поддржан од Владата - Министерство за образование, Министерство за труд и социјална политика и Министерство за економија. (Сн.К.) |