|
|
|
|
|
|
Казни за лошиот асфалт на улицата пред „Рамстор“
Градоначалникот Коце Трајановски вчера призна дека улицата пред „Рамстор“, со која започна таканаречената ренесансната акција за обнова на градските улици, е неквалитетно санирана. Надзорот утврдил дека новиот асфалт на места отстапува од очекуваниот квалитет на изведба, поради што изведувачот ќе биде казнет. Но, и покрај тоа, градските власти не планираат „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ повторно да ја раскопуваат за конечно да биде подновена како што треба.
„Констатирано е дека има отстапувања, но во дозволени рамки. Не се работи за оној квалитет што го посакуваме и затоа ќе има одредени казнени поени за изведувачот. За останатите обновени улици, надзорот се' уште е во тек“, информираше вчера Трајановски и објасни дека изведувачот „Бауер БГ“ ќе биде парично казнет, но не знаеше да каже колкава ќе биде казната, или приближно колку помалку ќе му се исплатат од договорената зделка за сработеното.
Инаку, токму „Бауер БГ“ е една од поангажираните фирми за изведба на градските проекти. Освен за санација на „М.Х.Јасмин“, таа во ренесансната акција за обнова на улиците беше ангажирана на уште една улица, а истата фирма по налог на Градот Скопје моментално работи и на реконструкција на мостот „Гоце Делчев“. (Дс.Т.) |
#
|
Статијата е прочитана 2434 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: George |
Датум: 28.06.2011 09:33:12 |
|
Не верувам дека ова е прв пат, но се надевам последен. Ваков начин на работа беше нешто нормално до крајот на 20от век, а продолжи и во овој век. (Народот, популарно ова го нарекува 'перење' пари. Незнам како е во другите општини во Македонија, но знам како е во две југозпадани, Охрид и Дебрца, ама не само за патишта. Која сака, нека види.) |
|
|
|
|
|
|
Од: brza |
Датум: 28.06.2011 11:23:26 |
|
em nekvalitetno rabotat em si dobivaat i ponataka rabota od istiot ''rabotodavach''?!
pa , kaj go ima toa na drugo mesto , osven vo ovaa zemja be?!
ochigledno deka SMRDI rabotata,...sigurno i drisla e pochista ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Gox Skopje |
Датум: 28.06.2011 11:59:20 |
|
Samo strogo,samo taka..Ne smee da se dozvoli nekoj da gi zaraboti parite,necesno odraboteni.Za drug pat da ima u predvid deka so drzava ne smee da si igra igracki ! Poddrska za takviot rezim na rabotenje od strana na drzavata ! |
|
|
|
|
|
|
|
|