|
|
|
|
|
|
Нема интерес за распределители по радијатори
Корисниците не се заинтересирани да плаќаат ниту на 18 рати за 300 евра по стан
Корисниците на парно не се многу заинтересирани за поставување топлински распределители во домовите. Причината е едноставна - треба од џеб да извадат по 50 евра од радијатор. Оттаму куќните совети имаат проблем да најдат 80 отсто станари заинтересирани за нивно поставување, без што системот не може да функционира. Овој услов им претставува пречка и на оние што сакаат нареднава грејна сезона да ги имаат ваквите мерни уреди. Со нив корисниците ќе можат да ја плаќаат потрошената топлинска енергија на ниво на стан и истовремено да штедат.
Годишната заштеда што ќе ја остварат граѓаните преку парното изнесува од 62 до 115 евра, а ќе зависи од тоа колку ќе штедат. Ова го потврдија и пилот-проектите, кои во изминатата грејна сезона ги реализираа „Снабдување Исток“ и „Снабдување Запад“. Пилот-проектот што го спроведе „Снабдување Исток“ беше финансиран од фирмите „Техем“, производител на топлински распределители, и „Данфос“, производител на термостатски вентили. Проектот го реализираше на објект со ��сум стана и еден деловен потрошувач, додека „Снабдување Запад“ на вкупно 85 стана во седум згради во општина Карпош. Инвестицијата по стан за секој корисник е околу 300 евра, а снабдувачите нудат и можност за плаќање од 12 до 18 рати. Но, и покрај поволностите, заинтересирани нема.
„Опремата што ја поставивме во седум згради на различни локации во Карпош сега ќе мора да ја демонтираме, или ако станарите се заинтересирани, ќе треба да ја платат. И покрај можноста сумата да се плати на 18 рати, интересот е слаб, дури и никаков. Дали ќе инсталираме ваков тип опрема или не, нам ни е сеедно, бидејќи ние и натаму можеме да наплаќаме по мерач во потстаница. Но, со поставувањето на топлинските распределители, корисниците добиваат можност не само да штедат, туку и да се заштитат од соседите што им крадат енергија преку радијаторите монтирани на доградените тераси“, објаснува Методија Стојчев, директор на „Снабдување Запад“. (Сн.К.) |
#
|
Статијата е прочитана 916 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: pogled |
Датум: 28.06.2011 11:03:04 |
|
EVN gi smeni site strujni merila bez da naplati i denar za niv istoto se slucuva so vodovod kade mesat vodometri so dalecisnko merenje .
Toplifikacija saka da da zema $$$ no nikako ne saka da im ponod na graganite mala invisticija so kja ke pokrijat mnogu ili im odgovora vaka da ni zimaat samo extra $$$ a nikako toplo. za primer vo sosednite zemji meracite na toplna se instalirani od toflikaciite bez nadomest . |
|
|
|
|
|
|
Од: gragjanin |
Датум: 28.06.2011 11:09:52 |
|
Prestanete so objavuvanjeto na lagite na AD toplifikacija Skopje.Voopsto ne e tocno deka nema interes za postavuvanje na individualni kalorimetri ,tuku toplifikacija postavuva takvi precki t.e pravi dubari da i tie sto sakaat ne mozat.Tie se mnogu itri,neka se soglasat 80% od stanarite vo vlezot i nema problem,znaci formalno nema precka ama prakticno ako nekoj saka da postavi kalorimetar ke treba da agitira vo vlezot za da sobere dovolen broj na stanari.Toa ne samo sto e perfidno i dolno odnesuvanje tuku povlekuva i zakonska odgovornost za rakovodstvoto na toplifikacija.Toa se vika uslovuvanje na kupuvacite vo slucajov na gragjanive koi gi koristat nivnite uslugi!! Toa izgleda ovaka,sakate da kupite nekoj proizvod a prodavacot vi veli nema problem samo mora da donesete najmalku uste 10 kupuvaci inaku od zdelkata nema nisto!!Potpolnno e jasno deka na toplifikacija ne i odgovara gragjanite da vgraduvaat meraci,bidejki togas ne mozat manipuliraat so smetkite!! |
|
|
|
|
|
|
Од: potrosuvac |
Датум: 28.06.2011 11:35:07 |
|
Јас и без распределители штедам, и тоа 100%. Го исклучив парното... |
|
|
|
|
|
|
Од: brza |
Датум: 28.06.2011 14:51:23 |
|
gragjaninot e sosema vo pravo!
samo, ne se tie paraziti krivi , tuku povekje e kriva drzavata,shto im go ovozmozuva toa kurvinsko ponashanje sprema nejzinite gragjani !
...a,mene , ushte i me interesira:
...ako cel mesec gi iskluchish radijatorite , dali nema nishto da platish ili pak ,
...kolku i da shtedish ,...imash nekoja (od niv povlechena linija) pod koja ne mozesh da odish ? |
|
|
|
|
|
|
Од: pero prolero |
Датум: 28.06.2011 18:59:34 |
|
Se dodeka Makedonceto glumi moronce i molci, vakvite aramii ce mu ja derat kozata. Im dozvolija da bidat monopol, i MORA da stavat sekade meraci ama na NIVNA smetka! Namesto toa,,gi tripliraat cenite za meraci, za nikoj da ne se prijavi i da mozat i ponatamu da gi bildaat cenite "spored meracite vo potstatnica" koi NIKOJ ne moze da gi kontolira. I smrznatite placaat,neli, so godini. Otpor! Aloooooooo |
|
|
|
|
|
|
|
|