Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Наместо по бетон, ќе газиме на бехатон

Градоначалникот вчера најави почеток на голема акција за обнова на тротоарите, засега само во Центар

Деспина Трајковска



Ренесансната акција од градските улици од вчера се префрли на тротоарите. Градските власти најавија голема акција за обнова на тротоарите и пешачките патеки во централното градско подрачје. Планирано е илјадници квадрати бетон да се замени со бехатон и друг вид типски плочи, наместа во разни бои, по површина и колорит во зависност од локацијата. За таа намена, Градот ќе потроши околу 600.000 евра. Акцијата стартуваше вчера со тротоарите на булеварот „Гоце Делчев“, на потегот од истоимениот мост до Универзитетска библиотека.

Градоначалникот Коце Трајановски најави дека освен на овој потег, акцијата во овој бран ќе ги опфати и тротоарите на булевар „Партизански одреди“ пред Соборниот храм, како и оние во реонот на паркот „Жена-борец“.

„Ова, всушност е прва фаза од планираниот обемен проект за која ќе потрошиме околу 600.000 евра. Во меѓувреме ќе направиме пресметки и анализи за да утврдиме дали има потреба од санација на тротоари и на други булевари. Имено, во оваа фаза ќе се реконструираат тротоарите само во Центар, оти утврдивме дека тие се во најлоша состојба, а веројатно акцијата во иднина ќе се прошири и по другите населби бидејќи има критични делови особено околу раскрсниците и кај семафорите“, истакна вчера Трајановски и посочи дека од локацијата ќе зависи со каква боја бехатон-плочи ќе биде заменет бетонскиот тротоар.

Првата фаза од акцијата ќе ги опфати тротоарите на булеварот „Гоце Делчев“, оние од хотелот „Холидеј ин“ до мостот „Гоце Делчев“, а ќе се работи и на булеварот „Партизански одреди“ во реонот на Соборниот храм. Исто така, ќе се обновуваат и тротоарите на булеварот „ВМРО“ од мостот „Гоце Делчев“ до „Партизанска“ и на булеварот „Даме Груев“ од „Партизанска“ до ТЦ „Палома Бјанка“. За две недели, пак, планирано е да почне обновата на тротоарите на улицата „Васил Аџиларски“ од републичкото Собрание до хотелот „Холидеј ин“ и на улицата „11 Октомври“ на дел пред паркот „Жена-борец“. Акцијата на терен ќе ја реализираат екипи на ИГМ „Вратница“, „Урбан инвест“ и „Чингар инженеринг“.








#
Статијата е прочитана 1946 пати.

Испрати коментар

Од: Nema veke lipi i roleri..
Датум: 28.06.2011 02:32:55
Zal mi e no nema da moze so "rolerki" da se vozite po trotoarite! A i od asfaltot nema "posta" kako od plockite. SO plockite si ima razraboten sistem kakoso fiskalnitei kako so kompjuterite= se si tece po plan, od nabavka do podelba. Uf...da ne se najde nekoj navreden pa da me tuzi na SUD???A kaj nas pak nemame sloboda na misla i govor i ete ti belja!
Од: gjoko
Датум: 28.06.2011 08:16:42
..eh da beshe vaka ne od pocetokot na 1992 godina, tuku od 2002 godina. Sega Makedonija ke beshe daleku podobro mesto za ziveenje....
Од: Buntovnik
Датум: 28.06.2011 08:56:01
Behaton e napraven od radioaktiven otpad. Lele maslko Skopje ke zraci navecer cak i vonzemjani ke go vidat i tacno ke znaat kade e Ace na konjot.
Од: aleksandar sv.nikole
Датум: 28.06.2011 09:02:35
ke menuvale beton so behaton???a nie kaj nas vo istocna makedonija sto nemame nikakvi????600.000 evra za trotoari??dajte be luge po 200.000 evra za ovie gradcinja ovde da dobijat behaton za trotoarite vo cel grad:))ne velam deka ne treba da se gradi,no aman veke samo vo skopje se raboti-fatete i vo istocna makedonija da sreduvate oti na narodot mu e skisnato veke od dupki po patistata i katastrofalna infrastruktura..za trotoari ic ne pravime ni muabet!!
Од: sase
Датум: 28.06.2011 09:31:13
Бекатон...тапа!!! Како со ролерки на бекатон?
Од: Darko
Датум: 28.06.2011 12:13:34
Dobro be ne mozam da razberam kako moze vakvi gluposti da tresete. Po bekaton ne mozele da se vozat roleri ili bil napraven od radioaktiven otpad...Coveckata glupost vistina bila bez granici
Од: k2
Датум: 28.06.2011 13:14:42
E stvarno ima prost narod......se bunat sega sto nemozele da vozat rolerki.....mnogu mi e gajle za rolerkite.....Ene vi go Vardar i patekata selpci edni ili aj samo da se kaze nesto....
Од: skopjanka
Датум: 28.06.2011 14:27:35
Draagiot gradonacalnik ke ne zakopa vo materijali koi se kancerogeni. "Zeleniot" gradonacalnik pravi se sprotivno od kampanjata na lokalnite izbori - zeleno Skopje se secat drvoredi, ne se sadat novi (poglednete gi grev drvcata na Ilindenska) , se prosiruvaat kolovozi i bezmalku ne se vlaguva vo stanovite koi dosega bea na soodvetno rastojanie od kolovozite, se stavaat vestacki, no profitabilni materijali. Se gusi Skopje a Skopjanite molcat i se raduvaat na se sto se gradi. No kakov narod takov gradonacalnik

Најди! во Утрински
Скопје
Утре прв сервис на жичарницата
Казни за лошиот асфалт на улицата пред „Рамстор“
Нема интерес за распределители по радијатори

"""