Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Македонците јадат, пијат и пушат најевтино во Европа

Ако може да им послужи како некаква утеха што примаат најмали плати, Македонците, дефинитивно, плаќаат најниски цени за храна и за пијалаци во цела Европа, но и пушат најевтини цигари. Вака барем покажало најновото истражување на статистичката служба на Европската унија, Евростат, објавено вчера.

Поконкретно, цените на прехранбените стоки и на безалкохолните пијалаци во Македонија се за дури 48 отсто пониски од просечните во Европската унија. Гледано по групи, цените на лебот и на житарките се за 52 процента под европскиот просек, а цените на месото се пониски за 49 проценти. Потоа цените на млекото, сирењето и на јајцата се под просекот на ЕУ за 40 отсто.

Македонците пијат и најевтин алкохол од сите земји во Европа. Па така, податоците на Евростат покажале дека цените на алкохолните пијалаци во Македонија се за 31 отсто пониски од просекот во ЕУ.

И кога станува збор за цигарите, анализите на Евростат покажале дека тие во нашата држава, исто како и во Србија и во Црна Гора, се убедливо најниски во Европа. Поточно, цените на цигарите во овие три држави се за дури 70 отсто пониски од просечните цени во ЕУ, па оттаму и не зачудува зошто Македонците, Србите и Црногорците секогаш се наоѓаат на врвот на листите на нации што се најстрасни пушачи во Европа. Само малку повисоки цени на цигарите од нас имаат Босанците и Албанците, така што цените во тие држави се за 67 отсто пониски од просекот во ЕУ.

Ако во другите сегменти правиме споредба со Србите, кај нив цените на прехранбените про��зводи и на безалкохолните пијалаци се за 30 отсто пониски од европскиот просек. Нашите северни соседи пијат многу поскап алкохол од нас, бидејќи цените на алкохолните пијалаци во таа земја се за само 10 отсто пониски од европскиот просек.

Кога станува збор за храната, во другите земји од регионот цените се повисоки во однос на Македонија. Па така, во Албанија цените на прехранбените стоки се за 28 отсто пониски од европскиот просек, во БиХ се пониски за 23 проценти, а во Црна Гора за 21 отсто. Бугарите, пак, иако се членки на Европската унија, јадат прилично евтина храна, односно нејзините цени се за 32 отсто пониски од европскиот просек. Во Грција храната е значително поскапа, па цените се дури за еден процент повисоки од просечните во ЕУ.

Инаку, најновото истражување на Евростат покажа дека цените на прехранбените стоки и на безалкохолните пијалаци во државите од Европската унија се највисоки во Данска, и тоа за дури 39 отсто повисоки од просечните во Унијата. Од членките на ЕУ цените на храната и на безалкохолните пијалаци се најниски во Полска и тоа за 36 отсто под европскиот просек, па следува Романија со цени пониски за 34 отсто од европскиот просек.

Во анализата се земени предвид цени на околу 500 прехранбени продукти и безалкохолни пијалаци.

По Данска, според скапотијата на прехранбените производи, следува Ирска, со цени повисоки за 29 отсто од европскиот просек, па Финска со 20 отсто повисоки цени и Луксембург со цени повисоки за 17 отсто од просечните во ЕУ.

Инаку, пример за тоа како една држава преку цените треба да се бори против алкохолизмот и пушењето е Норвешка каде што цените на алкохолните пијалаци се за дури 134 отсто повисоки од европскиот просек, а на цигарите за 119 проценти над просекот. Но, затоа жителите на Норвешка, која не е членка на ЕУ, плаќаат и премногу скапи храна и пијалаци, така што нивните цени се за дури 54 отсто повисоки од просекот на ЕУ и убедливо највисоки во Европа. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 1227 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 29.06.2010 00:35:01
Osnovnite prehrambeni proizvodi, kako lebot, mlekoto na primer, ovde se najeftini od cel svet, ne samo od Evropa.Uslugite isto taka ovde se najeftini, frizeri, majstori......Isto taka i platite ovde se edni od najniskite vo svet, a so sigurnost najniski vo Evropa, t.e nemame povisoki plati od nikogo.Eventualno so nekogo isti da imame. Vo ovaa situacija i kriza, i te kako e za "uteha" toa sto ovde e relativno eftino vo sporedba so svetot,(osnovnte sredstva za zivot),inaku ke bide tesko nas ako pocnat cenite da odat nagore, a ke pocnat. Toa sto sega nekoj ke se javat i ke tvrdat deka patlidzanite vo Berlin bile pola evro, a stanovite 1000 evra kvadrat vo centarot na Berlin, se cisti gluposti.Ne im veruvajte.Ovde e najeftino, ili vo kraen slucaj za nekoj raboti isto,no ne sme poskapi od nikogo.
Од: mali
Датум: 29.06.2010 00:51:24
A zosto togas nemame napliv od Norvezani vo Makedonija? Da ne ne sakaat poevtini proizvodi? E, ama ne kazuvate kolku im se primanjata i dali moze so tie primanja da si dozvolat se sto im treba. Kaj vi e soodnosot primanja/trosoci, pa tuka napravete sporedba.
Од: Tosko
Датум: 29.06.2010 05:09:13
A da prasam da ne imame i plati nalik na evropskite pa se bilo poevtino. So plata na visoko obrazovan covek vo MK nemozete da pominete ni 2 dena vo Evropa.Dragi moi lugjeto vo MK prezivuvaat so mizerni penzii i plati od po 9000 denari, uste cenite da se pokacat pa da ispocrkame. I cenite na stanovite da ne se evtini. Napravete obicna komparacija na prosek plata so vrednost na proizvod kje ja dobiete realnata slika deka Kapitalistot isto zarabotuva i tuka i tamu.
Од: Лазо Стефанов
Датум: 29.06.2010 06:45:11
Значително треба да се покачат акцизите на прометот на пијалаците, а особено на цигарите. Тоа е основната мерка што се прави кога нема пари во Буџетот, а и како доста резултатна мерка за намалувањето на зависностите од алкохолизмот и пушењето, за да се оствари повторната пововолност за Буџетот со намалувањето на расходите за санирање на последиците од овие зависности.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 29.06.2010 07:51:19
Pred 3 godini vlegov vo samoposlugata vo Ramstor (neznam kako se vikase mislam Vero). Bev sokiran od visokite ceni i mnogu mal broj na makedonski produkti. Cenite za licna higiena se ednakvi kako vo Sidnej. Po buticite da ne zboruvame. Visoki ceni do neboto. Duri smesni. Samo zemjodelskite proizvodi bea poniski. Mozebi cenite generalno se poniski, no ubeden sum deka proporcionalno vo Makedonija kupovnata mok e strasno mala. Primetlivo e na sekoj cekor. Toa nemoze da go osetete ako ne ste predstojuvale ili ziveele vo druga drzava.
Од: ilija
Датум: 29.06.2010 08:05:23
neznam od kadevije ova statistika no edno e sigurno samo zemjodelskite proizvodi se po eftini a seto drugo ima evropski ceni duri nekoj proizvodi kako bezalkoholnite pijaloci se poskapi.
Од: Најнова Вест
Датум: 29.06.2010 08:52:11
Штотуку дознавме дека и Дрогата е најевтина во Македонија-Власта ни е најомилената во светот!Кој знае, можеби затоа им личиме на Нафиксани!?
Од: ruski
Датум: 29.06.2010 09:33:26
pozdrav do mali, i sekako ti go podrzuvam komentarot, da se napravi sporedba primanja/trosoci tuka ke se vidi vistnskata slika, kakvi moznosti imaat gragjanite na ovaa drzava i sto se mozat da si dozvolat so prosecna bruto plata od 20.449 denari, koja koga ke ja namalis za davackite kon drzavata koj iznesuvaat 40% se doagja do fantasticni 12.000 denari ili vo sporedba so pogore spomenatite drzavi, gragjanite na Makedonija zemaat pomalku od edna prosecna dnevnica.
Од: XXL
Датум: 29.06.2010 09:47:55
More Jovanco..kaj zavrsi ti matematika ziti se...Da kaj nas e najevtno za razlika od EU za 54% ama za niv kaj nas najevtino....ne za nas...so prosecna plata od 250 evra da tie samo 54% poeftino od EU proizvodi i uslugi...abe Jovanco i Amdi so negovata matematika ke ti kaze da odis "curik" vo prvo odelenie...!!!
Од: ne e bitno
Датум: 29.06.2010 09:58:46
MA sto zboruvate?! Jas ziveam vo EU-patuvam non stop,najskapo e vo Makedonija! OStavete go Luxembourg pobogu, tamu vozacot na avtobus zema plata kolku vasite menageri na banki...Tuku za cenite: litar mleko vo Mk e okolu 1 evro itoa Uvezeno, vo Germnija okolu 50 centi, vo Ceska 60-70 centi. Mesoto e poevtino, lebot, melcnite proizvodi. Da ne zboruvam za izbor ili kvalitet! Kako moze da e poskapo koga se se proziveduva kaj niv, a nie se uvezuvame? Kaj gi naogate ovie statistiki? Edino sto e poevtino vo Mk e zelencukot i ovosjeto. Toa.
Од: јас
Датум: 29.06.2010 11:06:15
Само земјоделските производи , лебот и млекото се најефтини кај нас ..НО ШТО Е СО ДРУГИТЕ ПРОЗИВОДИ ??? Па јас повеќе трошам во маркет за средста за лична хигиена отколку за леб и млеко...А каде се другите трошоци за исхрана и пијалоци ?
Од: skopjanac
Датум: 29.06.2010 17:24:42
tocno e deka jademe i pijeme dobra voda a nekoji stvari se skapi samo se prasuvamda ne saka vlada sega da pokacuva za narod umre gladen a plati ne misli da pokaci ili za mladive da najdat rabota sram im da e pravat pokraj vardar da se nekoj sonca a kazuvat kolku kostalo zosto tie pari ne se dadoa za ezeroto da se napravi nesto za da moze tamo da se banjas i soncas netreba ni vmro ni sdsm na vlast da dojdat treba nekoja druga partija dostani e od vmrovci i sdsmovci pozdrav do redakcijava

Најди! во Утрински
Економија
Градежниците уценувани да работат без рок за исплата
Виси откупната цена на пченицата
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Светско злато за „Футура 2/2“
Синдикатот ќе бара спас од Владата
Платата во април 20.449 денари