Број 3319  вторник, 29 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Светско злато за „Футура 2/2“

Во конкуренција на 10.000 креативни решенија од повеќе од 70 земји, решението „Ворлд вајд бејкери - календар 2010“ на македонската маркетинг-агенција „Футура 2/2“, го освои „2010 Голд ворлд медал“, на 53. издание на престижниот „Њујорк фестивалс - интернешенел адвертајзинг авордс“. Кинескиот град Шангај беше домаќин на свеченото доделување на наградите на најголемиот адвертајзинг-фестивал во светот.

Победничкото решение „Календар 2010“ е изработено по идеја на Милан Стојанов, а зад целосната замисла и реализација стои „Футура 2/2“. Календарот е невообичаен и несекојдневен новогодишен промотивен материјал, изработен за целите на комуникација „бизнис ту бизнис“. За дел од успехот се заслужни и фотографите на Филип Кондовски и Дејан Пановски како надворешни соработници на проектот. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Градежниците уценувани да работат без рок за исплата
Виси откупната цена на пченицата
Телевизиите да платат двојно или отидоа лиценците
Македонците јадат, пијат и пушат најевтино во Европа
Синдикатот ќе бара спас од Владата
Платата во април 20.449 денари