Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Хроника

Кривични пријави за СДСМ поради „Злетовица“

КОЧАНИ - „СДСМ води тенденциозна и параноична кампања, без факти, со фабрикувани лаги и небулози“, обвини на вчерашната прес-конференција директорот на Хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип, Стојан Миланов. Откако информира дека со случајот е запозната и Антикорупциска комисија, Миланов најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против СДСМ и против нејзините портпароли.

„Ги разбираме СДСМ дека се во паника и го користат нападот како најдобра одбрана. Сакаме да ги потсетиме на нивното незаконито, недомаќинско и неодговорно работење“, рече Миланов.

Притоа постави неколку прашања до СДСМ, зошто го распишале тендерот без основен и ревидиран проект, без градежна дозвола, зошто не е распишан тендер за рехабилитација на пробиштипскиот цевковод и зошто во преговорите со јапонската банка „Џајка“ водени од СДСМ не биле предвидени и обезбедени средства за изградба и доопремување на филтер-станиците.

Директорот Миланов нагласи дека првата фаза на проектот „Злетовица“ е во завршна фаза. Во контекст на обвинувањата од СДСМ, тој посочи дека како подизведувач на конзорциумот „Бетон/Гранит“ е ангажирана фирмата „Силекс неметали“н со која конзорциумот на изведувачи склучил договор, а дека навремено и квалитетно ја завршила работата.

„Оваа фирма работеше на пробивање на двата тунела на браната ‘Кнежево‘ во должина од околу 500 метри и ископа 1 милион и 500 илјади кубни метри насипен материјал за вградување на телото во браната. Пред инвеститорот одговорноста за квалитетот и навременото извршување на работите ја носи само исклучиво изведувачот, а не подизведувачот.

Секоја исплата на финансиски средства на изведувачите се контролира и се одобрува од јапонската банка ‘Џајка‘, објасни Миланов.

Јоиро Имазава, тим-лидер на консултантски тим на јапонската Агенција за меѓународна соработка, рече дека во изминатите три години изградбата на браната е задоволителна и мошн�� брза. „Изградени се 80 километри цевковод до соседните општини и остануваат мали ситници. За шест до седум месеци работите на ‘Злетовица‘ од првата фаза, за која има доволно пари, ќе бидат завршени. Тоа значи дека ќе биде изграден локален пат за жителите и ќе се решат одредени еколошки проблеми“, појасни Имазава. (МИА)


#
Статијата е прочитана 726 пати.

Испрати коментар

Од: sirma vojvoda
Датум: 16.04.2010 00:17:58
barame odgovori a posebno ne interesira dali doticniot Stojan Milanov ke kaze kade legnaa 70 te milioni evra vo koja banka da posle 5 dena bidat prefrleni vo druga banka se razbira(sileks banka)kazi Stojane kolku e dnevnata provizija na sileks banka sto parite lezat tamu???????????????????????ODGOVOROT E okolu 5000 evra dnevno aloooo VNIMANIE DNEVNO zatoa vreme e............OTPOR!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: obicen citatel
Датум: 16.04.2010 09:19:39
Ova mi lici kako obicna zakana. Jas kolku sto razbrav SDSM prasa kako ja vklucile firmata Sileks Nemetali vo proektot i pokraj direktnoto odbivanje od strana na japoncite. Odgovor nema. Interesno e deka za ovie 4 godini otkako e VMRO so Gruevski na vlast, ova e prv slucaj da se prozvani, a da kjutat. Kako da znaat nesto i se cuvaat i zatoa gi ostavaat Socijalisticka na Dzingo sami da se branat. Mnogu cudno.
Од: Ацко
Датум: 16.04.2010 09:32:54
Стојанче, бе, не се сили толку... баџанакот Ѕинго нема вечно да ти стои зад грб и да те штити, и на него му се дрма земјата под нозе! Ведни глава и не покажувај заби на боксери, оти ќе останеш без нив! Ќе мине ова време-невреме, ќе дувнат нови ветришта, па немој после овие тужби да го сменат правецот и да “летнат“ накај тебе! Е, тогаш, кај ти ќе се скриеш од невремето?! Кратово и Пробиштип малку ќе ти бидат!
Од: Dane
Датум: 16.04.2010 12:09:53
Do sirma vojvoda: Vo taa banka lezat i drugi DRZAVNI pari pod pritisok na gospodinot-drugar Zingo. Taa banka i ostojuva od drzavnite pari koj so sila se prenasocuvaat tamu. Rabotata e vo toa sto za ova ne smee nikoj da pisne.
Од: Stojmir Stojmirov
Датум: 16.04.2010 12:10:21
Неколку пати лично ја посетив браната Кнежево и се уверив дека 99% веќе е изградена . Но би ги запрашал СДСМ особено О.О. Пробиштип каде се двате милиони долари собрани на почетокот на 90 од граѓаните на Пробиштип преку самопридонес, наменети за изградба на цевковод за водоснадбување на Пробиштип и зошто сега се гради нов цевковод кога деведесетите се градеше веќе еден. Ги прашувам и јавното обвинителство во Штип и УВР Штип и ОВР Пробиштип мислат ли воопшто да преземат нешто за овој очигледен криминал и ако непреземат тие ништо, што мисли да презеат министрите Гордана Јанкуловска и Маневски.
Од: mengele
Датум: 16.04.2010 14:30:23
mnogu poshteni stanaa ovie od sdsm, prosto da se zaljubis na prv pogled...nedajboze da malku zagledas vnatre... OTROV

Најди! во Утрински
Хроника
Потврдена затворската казна од три години за Петра Митева
Пазарот во Шутка како Бејрут
Затвор за полицајците од Табановце
Ограбена бензинската пумпа во Тетово
МВР истражува дали децата се грабнати