Ограбена бензинската пумпа во Тетово
ТЕТОВО - Три непознати лица, вооружени со автоматски пушки, облечени во црни мантили и фантомки на главата извршиле грабеж на бензинската пумпа „Петрол компани“ во Тетово, одземајќи го дневниот промет. Разбојништвото се случило вчераутро, еден часот по полноќ, кога двајцата вработени, немајќи избор, на разбојниците им ја предале чантата во која имало околу 6.000 денари. (Г.Е.) |