Потврдена затворската казна од три години за Петра Митева
Скопскиот Апелационен суд донел решение со што ја одбил жалбата на ексдиректорка на УЈП, а по изречената првостепена пресуда
Љубиша Станковиќ
Апелациониот суд во Скопје донел решение со кое и' се одбива жалбата на поранешната директорка на Управата за јавни приходи, Петра Митева. Со тоа е потврдена пресудата на првостепениот суд, кој уште пред повеќе од две години ја осуди на затворска казна во траење од три години. Бранителите на Митева имаат право да поднесат жалба на ова решение, но правната битка е речиси исцрпена. Единствената шанса да добие ново судење е барањето до Врховниот суд за уште едно вонредно преиспитување на најновата пресуда.
Случајот „Митева“ е еден од оние ретки предмети што доживеаја пререферирање во највисокиот суд во државата, кој пред повеќе месеци еднаш веќе решавал и донел поинаква одлука во корист на осудената. Но, со оглед на тоа што не беше напишана одлуката, случајот повторно е отворен, а епилогот сосема различен од претходното гласање. Во судската практика ќе остане запаметен како случај на „судско тактизирање“.
Ексдиректорката Митева, како што е познато, уште на 22 февруари 2008 година беше осудена за злоупотреба на службената положба, односно за набавка на административно-деловен простор за потребите на УЈП. Според обвинението, Митева во непосредна спогодба склучила договор со Љупчо Палевски, соинвеститор и продавач на дел од станбено-деловниот објект „Тифани“ за простор со површина од 640 квадратни метри. За просторот било договорено 35 милиони денари да се обезбедат од државниот буџет, а преостанатите 25 милиони денари преку буџетската проекција на УЈП за следната календарска година. Во договорот со Палевски бил одреден и рок за заверка на договорот и предавање на недвижниот имот во сопственост најдоцна до 31 декември 2005 година, а клуч на рака требало да биде дад��н до крајот на март 2006 година. На 22 декември Митева потпишала налог-барање за плаќање, со кој од трезорската сметка на УЈП биле префрлени 35 милиони денари, на сметка на Комерцијална банка.
Со првостепената пресудата ексдиректорката на УЈП беше обврзана, во рок од три месеци, во државниот буџет да уплати 35 милиони денари, односно износот за кој била оштетена државата.
Само неколку месеци подоцна, односно во јули 2008 година, предметот на Митева, по жалба, заврши во Апелациониот суд. Повисокиот суд ја потврди пресудата, а по барање за вонредно преиспитување на одлуката, од април минатата година предметот заврши во Врховниот суд на на Македонија.
„Утрински весник“ веќе пишуваше дека Кривичниот совет што одлучувал по овој предмет тогаш ги укинал двете пресуди и го вратил предметот на повторно одлучување. Но, по направеното пререферирање на предметот, укинат е само делот што се однесува на второстепената пресуда и предметот е вратен на повторно одлучување во скопскиот Апелационен суд. На 18 март, жалбата на обвинетата била одбиена, а пресудата станала правосилна.
Инаку, Митева беше и дел од големата група обвинети во случајот на Бајруш Сејдији, но таа беше изземена од таа судска постапка и, најверојатно, ќе се појави во вториот предмет што се води против споменатиот, а што се' уште е во фаза на истрага.
Petra nema potreba da se sakaldisuva premnogu, moze da si dojde vo pozarna Skopje da si raboti prva smena da si prespiva vo zatvor i za toa ke si zema plata i se razbira noken trud. Ova e veke videna rabota tamu ,za tie so pravosilni presudi od apelacija. Za poveke informacii kaj liceto M. B. toj e po taa rabota.
Од: borce
Датум: 16.04.2010 03:11:34
Ne 3 nego i trieset godini vo zatvor i se malku.Zato chto ima vmechano prsti vo mnogu firmi edna od tie i A.D.G .Mavrovo Skopje.
Од: mile
Датум: 16.04.2010 06:00:33
Zastitnikot na petra koja ne osteti site M,Vasilev trca nekako da ja spasi i se zali iskinal konduri od trcanje ama zasega nisto.
Од: SPIRIDON
Датум: 16.04.2010 08:59:34
Znači sudovete ni stanaa cirkusi.Atrakcija do atrakcija.Te vaj,te onaj predmet,te vaj,te onaj sudija.Zanimacija na narodo,nebare leb i igri.Zašo?Oti taka go napravija,site do sea imat udel u rušenjeto na avtoriteto na sudstvoto.Partizacija,ja tvoj ke zatvoram,ti moj,a sudiite birat strana za opstanok.A i nogu od ni ne ses i za tam odamna.Stručnos,kvalitet,integritet,moral,a?Kade?Trgni od sudskio sovet,presedatelite.A nogu od sudiite si go napravija tovarčeto.Narodo znae,zbore vaj sudija rabotel so taj advokat,onaj so onaj.Vaa švalerka na vaj,nebare kopleraj.Presedatelkata na edenica so Toni,ama bil privaten život,a?A i za Dumovata i vrapcite gi znaat istoriite "Lesi se vraka doma".Ne biva vaka.Treba akcija "metla",novi,so visok kriterium izbrani.Ili pa i ne ni trebat?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.04.2010 10:41:38
Не пишувате што стана со г-динот Палевски,и тој е соучесник во оштетување на државата.Инаку е познат по тоа што беше ми се чини ( виножитните коментатори можат да ме исправат ) преседател на СДСМ за град Скопје и сопственик на приватен неделник.