Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Сеќавање на велосипедски маратон

ТЕТОВО - Тројца тетовци, некогашни извидници, во деновите на викендот поминаа велосипедска маршрута од 70 километри, потсетувајќи се на нивното учество на велосипедски маратон од 630 километри изведен пред 55 години.

Овој пат Миле Аврамовски - Цоне, Димче Кузмановски - Ќамија и Томислав Милевски – Шише, сега веќе на возраст од 73 години, направија круг во тетовскиот крај од Тетово, преку Желино, Јегуновце и Теарце.

„Се сетивме на тоа што го направивме пред пет и пол децении. Тогаш наши другари, сите извидници, беа на младинска акција на изградба на каналот Асамати - Љубојно кај Ресен. Ние, тројцата, и Иве Мартиновски – Манда, сега покоен, преку Маврово и Дебар, Струга и Охрид, бевме да ги посетиме нашите акцијаши. Со нив останавме два дена. Потоа продолживме преку Битола, Прилеп и Скопје до Тетово“, ни зборуваше Аврамовски.

Неговиот содружник Кузмановски ни рече дека ниту пред 55 години ниту сега немале никаков проблем и дека ако ги послужи здравјето, тоа ќе го прават секоја година на истиот ден кога тргн��ле за Ресен со тоа што маршрутата постојано ќе ја намалуваат „по некој километар“. (Г. Е.)


#
Статијата е прочитана 294 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Електронска распределба на 41 стан во Аеродром
Во Виница ќе се произведуваат полиетиленски производи
„Проаква“ ќе ги наплаќа долговите со полиција
Штипската зона чека 50 фабрики