Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

„Проаква“ ќе ги наплаќа долговите со полиција

Струга - МЈП „Проаква“ ќе ги наплаќа сметките за вода од жителите на Струга со помош на полицијата, но и од останатите субјекти од овој град  кои со години одбиваат да ги платат сметките за вода, најави директорот на „Проаква“, Бранислав Трпчевски. Toj информира дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сите оние што оневозможуваат вработените во „Проаква“ без пречки да си ги извршуваат задачите.

„Оваа мерка досега не ја користевме, но во наредниот период по наше барање ќе ја користиме како асистенција полицијата, бидејќи се соочуваме со радикални отпори од страна на поединци“, рече директорот Трпчевски.

Според него, хотелските капацитети и подрачните единици на министерства во Струга, остануваат најголеми должници на „Проаква“. По основа на ненаплатени сметки за вода, „Проаква“ има побарувања од 2 милиона евра од граѓаните, а од правните субјекти повеќе од 1 милион евра.  (МИА)




#
Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: Димитар
Датум: 28.06.2010 11:12:36
Проаква прво да обезбеди издавање на фискални сметки за парите што ги наплаќа, па потоа да се заплашува со полиции и баба-роги. Мене ми е јасно дека не им се исплати да издаваат фактури за кои треба да се плати ДДВ пред да ги наплатат, но кога веќе е наплатено нешто, треба и делот кон државата да се подмири.

Најди! во Утрински
Македонија
Електронска распределба на 41 стан во Аеродром
Сеќавање на велосипедски маратон
Во Виница ќе се произведуваат полиетиленски производи
Штипската зона чека 50 фабрики