Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Штипската зона чека 50 фабрики

Просторот се уредува, а други капацитети остануваат без инвеститори

Иван Бојаџиски


ШТИП - Изградба на педесет фабрики и отворање десет илјади работни места се очекуваат во индустриската зона кај Штип која се уредува речиси три месеци. Барем така најави премиерот Никола Груевски на 30 март годинава од Штип, истовремено ветувајќи дека зоната ќе биде подготвена за една година. „Идната година, во ова време, пак ќе се собереме на ова место за да ја прогласиме зоната за завршена“, кажа Груевски.

Зоната која зафаќа простор од 200 хектари навистина има извонредна локација. Се наоѓа веднаш до раскрсницата кај населбата Три Чешми, која води кон сите делови на државата, Скопје, Струмица, Кочани, Пробиштип. Во непосредна близина е новата 400 мегаватна трафостаница, која енергетски ги поврзува Србија, Македонија и Бугарија, како и цевководот кој водата од регионалниот хидросистем „Злетовица“ ја носи кон Свети Николе и Штип. Таму е и железничката пруга Велес – Штип - Кочани, а на два-три километри е локацијата за карго-аеродромот кој, како што е познато, ќе се гради дури по десет години.

На уредувањето на зоната работи механизацијата на „Гранит“ и на струмички „Жикол“. Вчера на локацијата имаше десетина машини и неколку десетици работници. Луѓе кои работат таму велат дека не се овластени за давање информации и затоа не' упатија кај нивните раководители. Во „Гранит“ неколку пати бевме префрлани од еден на друг телефон, но не добивме одговор дали работите течат со предвидената динамика. И во „Жикол“ немаше овластено лице за комуникација на оваа тема.

Почетокот на изградбата на штипската индустриска зона опозицијата ја дочека на нож. Според СДСМ, Груевски продолжува да гради Потемкинови села низ целата држава, сакајќи да се претстави како премиер посветен на економијата. Оттаму прашаа кои фабрики ќе никнат во зоните на премиерот ако се знае дека во најголемата - Бунарџик наместо дваесетина, како што најави Груевски, досега е изградена само една фабрика, на „Џонсон Мети“.

Критики стигнаа и од познавачи на состојбите кои направија паралела меѓу зоната �� веќе уредениот простор во нејзина близина. Беше укажано на фактот дека само во кругот на бившиот текстилен гигант „Македонка“, има слободен, уреден и покриен простор од над 250.000 квадратни метри што не се користи. „Македонка“ има сопствен систем за водоснабдување, трафостаници, а во самиот фабрички круг и железничка пруга.

На триесетина километри од новата зона кај Штип е фабриката за акумулатори „Весна Сап“. И таму има целосно уреден простор од 25.000 квадратни метри. Раководството на фабриката го нудеше тој капацитет на заинтересирани инвеститори, а пред еден месец дури ја засили промотивната содржина со испраќање пропаганден материјал до економските промотори во сите наши амбасади и до светски институции. Фабриката го дава просторот под бенефицирани услови, а оние што ќе сакаат да отворат бизниси првата година нема да платат ниту денар за закупнина.

Поради сето ова и понатаму останува неодговорено прашањето зошто се трошат пари за уредување нови простори кога веќе има такви целосно подготвени за евентуални инвеститори, странски или домашни сеедно.


#
Статијата е прочитана 574 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 28.06.2010 04:29:41
Lopatarov zabega.Steti na site strani.
Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2010 07:29:28
Ova e mnogu perspektivna investicija. Stranskite investitori se mnogu zainteresirani zatoa sto tuka ima kargo aerodrom. Ce ima. Ce ima koga ce zavrsat merenjata na vetristata. Na Sveti Zivko.
Од: kole
Датум: 28.06.2010 08:43:51
Milina od zoni..... bre koja industrija se locira vo tie zoni.......Prava silikonska dolina dzanum??????
Од: јас
Датум: 28.06.2010 13:01:21
На лопатарот треба со закон да му се забрани да фаќа лопата в рака!!

Најди! во Утрински
Македонија
Електронска распределба на 41 стан во Аеродром
Сеќавање на велосипедски маратон
Во Виница ќе се произведуваат полиетиленски производи
„Проаква“ ќе ги наплаќа долговите со полиција