Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Во Виница ќе се произведуваат полиетиленски производи

Изградбата на фабриката е заедничка македонско-словенечка инвестиција

Иван Бојаџиски


Штип - Викендов во Виница беше предадена во употреба фабрика за полиетиленски производи „Рото М“ како дел од познатата словенечка компанија „Рото груп“. Во изградбата и опремувањето на новиот стопански субјект се вложени 500.000 евра, капитал во кој словенечката компанија учествува со 80 проценти, а виничкиот бизнисмен Зоран Ефремов со 20 проценти. На свеченоста на која присуствуваа деловни луѓе од Словенија, Турција, Србија, Грција, Бугарија и од Косово, говореа Зоран Ефремов, генерален директор и сопственик на „Рото груп“, Штефан Певлинек, и вицепремиерот Владимир Пешевски.

Според Ефремов, новата фабрика во Виница е единствената фирма во Македонија која произведува над 250 вида производи од полиетилен според ротомулдинг-технологија. „Веќе имаме договори за пласман на нашите производи и на пазарите во Грција, Албанија, Косово, Бугарија, Турција и во Израел, а наша стратегиска цел е да бидеме присутни и на пазарите во Русија и во Сирија, за што веќе преговараме. Дел од нашето производство ќе оди и за Словенија, Србија и Хрватска“, рече Ефремов.

Моментно во фабриката се вработени дваесет лица, а со заокружувањето на трите фази таа бројка ќе се зголеми на 35. Процесот на производството е целосно автоматизиран.

Според Штефан Павлинек, изградбата на фабриката во Виница е логична последица на развојната филозофија на компанијата „Рото груп“. „Имаме фабрики во Словенија, Србија, Хрватска и во Словачка, а од денес имаме фабрика и во Македонија. Ова е одлична локација за нашата фабрика со оглед на фактот дека овој крај е во близина на Бугарија од каде што има одлични врски со Турција, а тие пазари ни се мошне важни“, рече Павлинек. Тој ги пофали партнерите од Виница, како и вработените за кои искажа највисоки оценки.

Производството на полиетиленски производи во Виница го започна бизнисменот Ефремов во мал погон со само тројца вработени кој стартуваше во 2004 година.


#
Статијата е прочитана 691 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Електронска распределба на 41 стан во Аеродром
Сеќавање на велосипедски маратон
„Проаква“ ќе ги наплаќа долговите со полиција
Штипската зона чека 50 фабрики