Број 3318  понеделник, 28 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Електронска распределба на 41 стан во Аеродром

Министерството за транспорт и врски викендов организираше јавна електронска распределба на 41 стан во Скопје во станбена зграда во Реонски центар во општина Аеродром. Становите им се продаваат на млади брачни двојки и самохрани родители по огласот што беше објавен на 7 мај годинава.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, кој присуствуваше на распределбата на становите нагласи дека со ваквиот начин на распределба сигурно ќе добијат оние лица на кои им е најпотребен. Тој ги повика незадоволните од распределбата на становите в среда во ресорното Министерство да извршат увид во својата и во документацијата на добитниците на станови.

"Компјутерот не признава ниту партиска, ниту роднинска припадност. Ова е најефикасен начин за распределба на становите. Ако сте еден од тие што немаат комплетни документи, тогаш ќе можете при повторната апликација да ги комплетирате документите", повика Јанакиевски.

Тој информира дека веќе е објавен нов оглас за нови 56 стана, а до крајот на 2012 година во Скопје, Охрид и во Велес ќе бидат изградени уште три згради со 139 станови наменети за продажба за млади брачни двојки и самохрани родители.

Прелиминарна распределба на социјални станови што ги гради државата вчера имаше во Крива Паланка, каде што за 46 стана пристигнале 113 апликации, и во Кочани, каде што за 29 стана има 69 апликации.

Распределба на социјални станови завчера беше извршена во Охрид и во Кичево, а денеска покрај во Скопје ќе има и во Кавадарци.

За 208 социјални станови во сите пет града пристигнати се 547 апликации. (МИА)








#
Статијата е прочитана 398 пати.

Испрати коментар

Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 28.06.2010 04:33:01
Каде се видело најголем бизнисмен да биде владата? Та нели во комунизмот тоа е осудено бидејки владата е најлош стопанственик.Но овде владата прави бизниси и рејтинзи само не ми е јасно - кој го собира кајмакот? За парите се работи?
Од: Itar Pejo
Датум: 28.06.2010 07:31:57
Ovde li base kade sto elektronikata bira vo kabinetot na Predsedatelot?
Од: kris
Датум: 28.06.2010 08:45:30
Slusam kompjuterot reagiral samo na LAVCE.....drugo ne prepoznaval????????
Од: јас
Датум: 28.06.2010 12:59:28
Компјутерот не признава , ама програмерот ( кој сигурно има партиска портокалова книшка ) , СИГУРНО признава манипулации...

Најди! во Утрински
Македонија
Сеќавање на велосипедски маратон
Во Виница ќе се произведуваат полиетиленски производи
„Проаква“ ќе ги наплаќа долговите со полиција
Штипската зона чека 50 фабрики