Намалување на загадувањето
Намалување на емисијата на јаглероден диоксид за повеќе од 20 отсто до 2020 година предвидува „Акцискиот план за енергетски развој на Град Скопје“. Финалната верзија на планот, или скратено СЕАП, кој е дел од Меѓународната повелба на градоначалници и чиј потписник е и Градот Скопје, беше презентиран во градскиот Совет, со што беа предвидени мерките и периодот за негово спроведување. Мерките, главно, ќе се однесуваат на неколку сектори како ш��о се згради, сообраќај и улично осветлување. На презентацијата, Весна Колега од Регионалната агенција на северозападна Хрватска и проф. д-р Константин Димитров од Македонскиот центар за енергетска ефикасност објаснија дека ова се фактори кои доста загадуваат и беспотребно трошат енергија, а Градот, сепак, може да влијае на нив.
Тие информираа дека нацрт-верзијата на СЕАП-от била презентирана пред еден месец, а забелешките и препораките се веќе внесени. Овој план се подготвувал една година. (Б.Ш.) |