Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Скопје

Курбан липи за старо-нов булевар

Деценискиот дрворед на булеварот „Свети Климент Охридски“ од вчера замина во минатото. Десетиците липи по должината на булеварот уште од црни зори отидоа курбан за да може Град Скопје да го подготви теренот за ширење и реконструкција на улицата. Имено, како дел од изборните ветувања градоначалникот Коце Трајановски вчера и официјално го најави стартот на проектот, кој ќе се реализира и покрај негодувањата на дел од јавноста, како што беше случајот со исечените дрвја на „Илинденска“.

Проектот предвидува да се направи по уште една коловозна лента од двете страни на „Климент Охридски“, широки по 3,5 метри, а ќе остане средишно зеленило широко пет метри. Планирана е и обнова на тротоарите со бехатон-плочки и изградба на нова атмосферска канализација. Градоначалникот информираше дека проширувањето ќе се изведува во две фази, во првата ќе се реконстуира делот од улицата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ до „Илинденска“, а во втората од „Илинденска“ до Владата. Проектот, во вредност од 29 милиони денари, предвидено е да заврши за пет месеци. На терен ќе работат екипи на „Гранит“. (Дс.Т.)


#
Статијата е прочитана 1677 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 09.06.2011 00:58:03
Кој за што учел. Едни се специјалисти за убивање на невини млади луѓе, помалите капетанчиња се специјалисти за уништување кучиња и дрвја...Што ќе беше оваа фобија на Коце од зеленило и животни? Но поривот за уништување одлично му работи...Се задушивме од споменици, барокни фасади, бехатон плоци, тротоари, дупки, лош асфалт...а само на 500 метра од центарот на градот улиците се жива темница...Преродбата коси, човечки, животински животи, дрвја. Ќутуци низаедни!
Од: zoko
Датум: 09.06.2011 06:52:18
Do branomi kako ne se sramis samo da napagjas drvja iseceni kucinja ubieni ova napraveno toa napraveno, dali ti voopsto si vozac ili uste pesacis pa i pesak da si kako pominuvas tasmu dali si se zaprasal kolku benzin trosime stoejki vo koloni od vozila.A ako tolku se sekiras za lipite na kolku drvja vo gradot si im poleal voda da ne se isusat si posadil li ti drvo vo zivotot.Te naucile da negiras se i ti se drzis do toa so takvi kako tebe nema napredok, a posle site vikame Skopje e selo nema nisto e kako ke ima od takvi kako tebe.
Од: Gjoko
Датум: 09.06.2011 08:14:36
Ako se gradi, zosto se gradi. Ako ne se gradi, zosto ne se gradi. Sega koga se izgradi ilindenska site se srekni. Dodeka se secea drvoredite tamu, covek ne mozeshe da pomine od tamu od plukaci a isto i vo vesnicite. Kaj Kliment ohridski site pcujat koga ke se zaglavi soobrakajot. Na narod nikogash ne moze da mu se pogodi zaradi toa, nema potreba nikoj sto e na vlast da prashuva, dali Koce od Vmro ili Moce od SDSM, dali treba da se secat drvjata ili ne. Toa e raboteno od experti za soobrakaj i kazuvaaat kade treba da se prosiri soobrakajot. Ne moze sekogash da imate i jare i magare. Ajde so zdravje.....
Од: ber
Датум: 09.06.2011 08:24:10
Sakate da ziveete vo grad, a da vi bide kako na selo! E, ne moze draga gospogo sto gi sakas drvjata! Isto taka se bunea i za Ilindenska, pa sega tie istite nigde gi nema, zatoa sto vidoa deka proektot e odlicen, a i novi drvca im zasadija. I od kaj znaete vie kako izgleda vistinski bulevar? So drva na nego? Kade ste videle takov, vo nekoja od svetskite metropoli, posebno na sredina od istiot? Drvata se vo sumite, parkovite i sl. Skopje ne e veke vo 1914, vas vremeto ve ,,zgazilo,, izto kako i verojatno partijata sto je poddrzuvate i sega se nervirate deka nisto ne vi odi od raka onaka kako sto ste se naviknale. Toa e toa, ke morate, a i ke priznaete na karj deka bulevarot e perfekten!
Од: biba
Датум: 09.06.2011 08:52:31
bramoni odi da zivees vo selo, krivogastani e super selce
Од: mene
Датум: 09.06.2011 09:25:04
Ок Брамони ајде да останеме во сивилото на комунизмот,може?Абе луѓе на вас крај не ви се наоѓа!Кога не се прави зашто не се прави а кога се прави зашто се прави.Кој скоппски градоначалник направи повеќе?Ајде кажете Браво Коце!!!
Од: stole
Датум: 09.06.2011 09:31:00
Sece lipi , ama i sadi. Palmi.
Од: mkd
Датум: 09.06.2011 10:00:25
Skopje mora da se razviva i da odi napred i navistina ne gi razbiram komentarite na dusegriznicite koi sakaat da ziveat kako vo selo.Ako im e merak ima kolku sakaat prazni sela pa neka povelat. Vo pet metri zardinjera ima moznost i za golemi drva koi bi gi zamenile starite
Од: eli
Датум: 09.06.2011 10:13:38
Od taksista bidna gradonacalnik. Tolku mu seci pametot, i go unisti celoto zelenilo vo gradot. Skopje bese proektiran za 260000 ziteli. Koj ni e kriv sto vlasta ja donese cela provincija tuka i stanavme drzava Skopje kako sto ne narekuvaat Grcite. Bravo Koce seci i unistuvaj,!!!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 09.06.2011 10:41:20
Градат!?Единственото нешто што тие го изградија се нивните џебови!Нив си ги проширија и надградија сосема успешно!Тротоарите крај предизборно „реставрираните“улици останаа ископини крај кои едвај можете да поминете!Многу интересно!Оние кои до вчера се грееа на дрва,најчесто диво сечејќи ги,сега,не можат да замислат да живеат без парно!Од магаре-в џип!Сите што се против сечата на липите се „сељаци“,а сељаците кои го поддржуваат ваквото касапење станале преку-ноќ граѓани,како и нивниот „градски“градоначалник!По масакрот на „Илинденска“и на столетни дрва на Водно,по касапењето кучиња,стигнавме и ние на ред!Шерифот McLaboud осоколен од неизмерната „љубов“што му ја искажаа „граѓаните“на изборите,откако прослави за новоотворениот булевар,целиот искезен од уво до уво,смогна сили да изрази сочувство за ѕверски убиениот Мартин!Убиство кое три дена се обидуваа да го прикријат и да ја минимизираат суровоста на ликвидацијата на младото момче!Врв на лицемерие и самобендисаност!Каков циник!
Од: Gox Skopje
Датум: 09.06.2011 11:33:19
Mnozinstvoto od komentatorite go opravduvaat proektot.Toa znaci prolazna ocena i daj Boze sekoja raskopana ulica,ulicka,sokace da bidat sredeni kako sto treba,za da se osetime pokonforno koga vozime,kola,motor,tocak,odime peski,se vozime so bus...Za site ostanati,ubavo kaza eden podole,imate mal milion prazni sela,pa povelete,migrirajte...Garant i kuka gratis moze da "lapnete" :)
Од: mene
Датум: 09.06.2011 12:10:00
Сите се буниме дека во Скопје имало страшни гужви по улиците, а од друга страна не сакаме да се менува ништо. Така едноставно не може. А што се однесува до сечењето на дрвјата, иако сум против уништување зеленило, сепак сум за тоа голем дел од липите и тополите што се посадени низ цело Скопје да се заменат со други дрвја. Па луѓе мои, сите ние што имаме поленски алергии не можеме да живееме во градов во пролет од тие дрвја. Што е премногу полен премногу е. А и многу ѓубре прават. Не би било лошо градоначалникот да размисли и да им излезе во пресрет и на оваа целна група граѓани и да им го подобри квалитетот на живеење. Сепак и ние имаме право на поздрав живот.
Од: Go sakam Skopje
Датум: 09.06.2011 12:15:16
Skopjanite nemaat nisto protiv gradejeto, ama da se znae STO se gradi i KOGA se gradi, bez da se unistuva. Dodeka sekade niz civiliziraniot svet ,se neguvat obelezjata na gradot, i zelbata na negovite ziteli kaj nas sé se pravi, da se unisti sé sto go simbolizira gradot i ljubovta na skopjanite; za inat, za da se pokaze "necija" mok . Pocna so "Kermes," Ilindenska pa sega i lipite.Gjoko, ber gresno mislat deka sega sme oduseveni; ne, samo molcime,oti ni ja otepaa dusata. A dojdenite sto nemozat bez kola vo Skopje,ne znaat deka,"mirisot na skopskite lipi" e poznat i citiran vo zapisite na mngu stranski gosti. Da mu kazam na Zoki deka sega najcesto odam peski, no znam sto e kola;imav Mercedes,koga tvoite roditeli ne sonuvale za nea!Za polivanje na lipiute ima dolg "Parkovi i zelenilo", a sadenje drvca koi nie gi plakjame od nas dzeb, samo sluzat da se pinci Trajanov bidejki nema druga rabota, pa neka polivaNIti eden gradonbcalnik nema pravo da go unistuva gradot zamisluvajki se Neron
Од: Kristijan
Датум: 09.06.2011 15:03:28
Konecno ke se realizira ovoj proekt. Bravo za gradonacalnikot!
Од: Дејан
Датум: 09.06.2011 15:38:48
Сакате Европа, па ова е Европа, многу асвалт, а малку зеленило. Зеленилото е ограничено на п��ркови секаде низ толку посакуваните и величани европски градови... Или можеби сакате Скопје да биде локална метропола да не речам „наше село“... Ме потсетувате на дедо ми кој го фалеше џадето оти не видел подобро, но тој барем беше радосен што некој изградил џаде, наместо дотогашниот земјен пат. Дедоми беше поголем Европеец од Вас. Нека му е лесна земјата.
Од: jas
Датум: 09.06.2011 22:23:42
Ti Dejan ocito ne si bil vo Evropa koga neznas kolku zelenilo, drvoredi i parkovi ima vo golemite Evropski gradovi.
Од: Избери живот
Датум: 10.06.2011 04:39:37
Скопје го претвораат во една одвратна бетонска маса. Точно е, ни требаат улици, но постојат и други начини да се растерети сообраќајот, а ако веќе некаде треба да ги исечат дрвјата и да го уништат зеленилото, нека направат на друго место дрвореди и паркови. Не може човек да живее само во бетон и да биде здрав, во тој случај загадувањето предизвикува повеќе заболувања на дишните патишта, па и алергии, канцерогени заболувања и мн. други, а немојте да мислите дека тоа се болести што ќе ги добие некој друг, никој од нас ниту пак нашите деца не се имуни на нив. Дрвото значи живот.

Најди! во Утрински
Скопје
Водоводот „Патишка Река“ чека пари од Владата
Конкурс за наградата „13 Ноември“
Намалување на загадувањето

"""