Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Чудни одлуки за инвалидски пензии

Снежана И. од Скопје осум месеци чека одговор на жалбата затоа што по само една година и' е укината инвалдиската пензија, иако здравствената состојба не и' е подобрена

Јасмина Јовановска

„Ме оставија без пари за живот“, со овие зборови ја почнува својата приказна Снежана И. од Скопје и нејзините проблеми со губењето на правото за инвалидска пензија. Поради здравствени проблеми со колковите и неколку операции, оваа педесетгодишна жена пред една и пол година добила инвалидска пензија со времено траење од една година.

Кога дошло време за продолжување на правото на пензија, иако нејзината здравствената состојба не била подобрена, Комисијата и' ја укинала инвалидската пензија. На ваквата одлука на Комисијата Снежана се жали до Второстепената владина комисија и по осум месеци се' уште чека одговор.

Таа е запрепастена од одлуката на Комисијата и затоа и поднела жалба. „Ме тераа да се вратам на работа, а сум инвалид што тешко се движи со бастун и на столче не можам да седам повеќе од два часа. Се подготвувам и за повторно операција на колкот, но за Комисијата тоа не беше важно“, раскажува Снежана.

Не може да се врати во фирмата каде што претходно работела. „Оттаму заминав како избркана. Поради моите здравствени проблеми гледаа што побрзо да ме прогласат технолошки вишок и да се ослободат од мене, и покрај тоа што по операциите секогаш сум се враќала предвреме на работа и сум ги завршувала сите моите работни обврски. Секојдневно ми вршеа мобинг, по што еден ден се онесвестив и завршив на токсикологија. Тоа дури стои и во лекарскиот извештај. Оттогаш имаа и психички проблеми и сум на терапија за смирување“, вели Снежана и прашува како може со вакви здравствени проблеми да се врати на работа.

Таа се сомнева дека правото на пензија го изгубила и поради случајот „Метастази“ со корумпираните лекари и инвалидските пензии. „Покрај сувото, гори и суровото“, вели Снежана И. Таа добила пензија во истиот период кога биле издавани и пензии од корумпираните лекари. Но, Снежана И. е категорична дека својата инвалидска пензија со право ја добила.

За само три дена по одлуката на пензиската комисијата Фондот за пензиско и инвалидско осигурување престанал со исплатата на пензијата, иако оваа жена поднела жалба.„Од што ќе живеам додека е периодот на жалба. Ми рекоа таква е практиката. Ако позитивно ми одговорат на жалбата, тогаш ретроактивно ќе им биле исплатени сите пензии. А што дотогаш“, прашува С.И.

„Секој ден се јавувам и само ме лажат. Еден ден ми велат ќе биде се разгледува, друг ден Комисијата била распуштена, трет дена не се надлежни и така само за да ме откачат“, вели С.И. и додава дека ако има одговор на жалбата, ќе има право да тужи и да отвори судска постапка. Вака, вели С.И. тапка во место и тоа што и било заштедено веќе се троши. „А секој ден ми требаат пари, одам на вежби и на рехабилитација, за да не ми со вкочани ногата, која треба пак да ја оперирам. Да не зборувам што од целата оваа мака, веќе и психички попуштив, одам и на психијатар“.

Кога видела дека нема никаков ефект тоа што секој ден во пензискиот Фонд се молела да и' се реши случајот, С.И., се обратиле и до Министерството за труд и социјална политика. „И оттаму иста песна, секој ден со нешто ме мавтаа и се' уште чекам одговор“, зборува Снежана видно потресена.

Од скопскиот Фонд за пензиско осигурување не добивме одговор за случајот на С.И. До раководителот на оваа служба воопшто не може да се дојде, како да е претседател на државата. Никој не може службено да го добие директорот.

Од Министерството за труд и социјална политика, место одговор зошто толку долго се развлекува разгледувањето на жалбата на С. И., само ни ја објаснија процедурата. „Со решение прекратено и правото на времена инвалидска пензи��а по извршен контролен преглед од Комисијата за оцена на работната способност во Фондот на ПИОМ. Надлежен орган за решавање по жалба за права од пензиско и инвалидско осигурување е владината комисија“, се вели во писмениот одговор од Министерството за труд и социјална политика.

Од податоците добиено во Фондот на ПИОМ, каде што предметите во второстепена постапка се комплетираат и доставуваат на одлучување до Комисијата за жалби предметот се наоѓа во постапка на разгледување и одлучување. „По жалбата на С. И. ќе биде донесено решение на првата наредна седница на Комисијата“, ветуваат од Министерството.

С.И. е скептична дали ова ветување не е само уште една манипулација. (J.J.)


#
Статијата е прочитана 2844 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 13.12.2010 13:02:06
Во текстот не сретнав да прочитам,дали на госпоѓата и на нејзиното семејство некој им нема препорачано да си земат дпмнеовска партиска книшка.
Од: Darko
Датум: 13.12.2010 15:24:05
Snezana I.; - da si platila na komisijata 3,000€ ke si dobila dozivotna penzija!.
Од: ina
Датум: 13.12.2010 16:36:47
nema potreba od partiska kniska ... zakonot vazi podednakvo za site ...pozz
Од: sandra k
Датум: 14.12.2010 05:13:36
Vo kakva drzava ziveat i rabotat nasite luge. Zenata ima poveke od 50 godini, sto znaci deka ima barem 25g raboteno i za toa vreme plakala doprinosi na drzavata kako site vraboteni. Sega koga e bolna i ne e vo sostojba da raboti, kade e taa drzava da i pomogne da zivee dostojno. Kolku mozam da razberam zenata e samohrana, i ne bara direktorska fotelja ili vila na Vodno, tuku samo invalidska penzija kako osnovno pravo za zivot. A sto pravat odgovornite insitucii: protiv sekoj zakon i protiv sekoja covecnost i ja ukinuvaat dodelenata penzija i ja ostavaat bez osnovni sredstva za zivot. Da zenata ima sredstva zaraboteno na drug nacin ne bi odela od salter-na salter da gi moli site odgovorni da ja soslusaat i pomognat, i da i ja vratat odzemenata penzija!
Од: zevzekman
Датум: 14.12.2010 11:31:03
zakonot ne vazi za doktorite ( i za sudii, advokati, politicari,popovi, ) i sega ova e odgovor na slozniot doktorskiot klan na "Metastaza"

Најди! во Утрински
Политика
Владата пропагира домашни производи, а купува странски
За дворовите да се дадат уште две години
Новинарите избраа ново раководство
СДСМ
Нова опрема во Градска болница
Имер Селмани нема да го бојкотира пописот
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary