Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Политика

Владата пропагира домашни производи, а купува странски

Веќе два месеца специјалците од МВР добиваат ланч-пакети за терен во кои нема домашен производ

Македонските полициски специјалци, наспроти кампањата на Владата „Купувајте македонски производи“, за теренска работа добиваат дневни пакет-оброци од увоз. До пред два-три месеци состојбата била поинаква и „јаделе македонско“, но сега во спакуваниот оброк, наречен ЕКО-3, а ниту еден од над десетина производи не се од домашни производители!

Врвот на Министерството за внатрешни работи се погрижи на специјалците да им обезбеди богата понуда на производи, сите увезени од Хрватска. Бидејќи станува збор за реномирани производители, во прашање не се доведува квалитетот на продуктите, туку само се потврдува дека парите што Владата ги дава за реклами се попусто фрлени. И самата ниту ги слуша ниту ги применува.

Во богатата лепеза производи во ланч-пакетот на специјалците има се' - од говедски гулаш, мисиркино месо, пилешка паштета (сите на „Подравка“), витамински инстант-напитоци, инстант црн чај, мед, слатки, чоколада, освежителни марамчиња, па дури и „кавабон“. Сите производи се хрватски, со исклучок на „ананасот во коцки“, кој е од Тајланд, но Хрватска е увозник. На секој производ точно се посочени и калориите, за секој специјалец да знае што и колку внесува во организмот. Очигледно, МВР не штедело на ништо.

Пред точно две недели од портпаролот на МВР, Иво Котевски, побаравме информации дали за набавка на ланч-пакети бил распишан тендер, колку понудувачи се јавиле, имало ли меѓу нив и македонски фирми и колку чини еден ваков оброк.

Побара прашањата што не' интересираат да испратиме во електронска форма, со ветување дека многу брзо Министерството за внатрешни работи ќе ни одговори, но од повратни информации нема ни абер. (Б.Ј.)


#
Статијата е прочитана 946 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 13.12.2010 12:43:11
И на врапчињата им е познато дека ова блада е најпатриотскаНо најмногу се патриоти за сопствениот џеб..Се однесува како попоите,едно мисли,друго говори а трето работи.
Од: Bond James
Датум: 13.12.2010 13:44:07
Najdobar primer se kineskite avtobusi. Zost ne kupi avtobusi od SANOS - 11 Oktomvri koga saka da kupuva makedonski proizvodi??
Од: R.R.
Датум: 13.12.2010 14:54:01
Site dobro znaeme cii smetki se najbogati...SDSM ne ostavi drugite da zemat nesto.A mesto da kritikuvate zaprasajte se zosto e makeodnskoto sonce i koj se grizi najmnogu za nego.Samo pofalbi za ovaa Vlada !
Од: ina
Датум: 13.12.2010 16:43:06
nema za sto pa se fatija za obrocite na specijalcite .. patetika
Од: јас (Прилеп)
Датум: 13.12.2010 16:44:06
R.R. дали воопшто ја прочита веста ???А мене душата ми ја извадија со патриотските фискални , лани...
Од: Biba
Датум: 14.12.2010 00:12:07
Za zal moram da napomenam deka na opozicijata sekogas nekoj za nesto i e vinoven. Koga plasira domasni makedonski proizvodi kritikuvaat za stranski proizvodi, ako pak "plasira" stranski ke recat nema makedonski proizvodi stvarno samo nesto da se kritikuva...
Од: Професорка до R.R.
Датум: 14.12.2010 11:12:55
Абе поматени мозоци. Кое е тоа оправдување “СДСМ крадеше па зошто не и ние“. Како прво, не сакам Влада што украла од мојот џеб ниту еден денар. Второ, никогаш ни во правниот систем не постои такво оправдување.Трето и најважно, БЦ за себе ништо не зема, го проигруваа разни блефери. А овој сега, мајка расплака од крадење (мислам од среќа пошто уште на време и купи 4 стана). Овој МВР увезуваше маици од Бугарија преку нивна маркетинг фирма, а текстилот во Штип пропаѓа. Према тоа споредбата со СДСМ е тотално офуцана и е приказна за мали деца. Наздравје оброкот од Хрватска. Македонија нека ги полни ендеците со фрлени градинарски и млечни производи. Толку од патриотите.

Најди! во Утрински
Политика
Чудни одлуки за инвалидски пензии
За дворовите да се дадат уште две години
Новинарите избраа ново раководство
СДСМ
Нова опрема во Градска болница
Имер Селмани нема да го бојкотира пописот
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary