Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника
Полесно до замена за изгубен документ

Доколку изгубите личен документ, веќе нема да биде потребно двапати да одите во „Службен весник“ - еднаш да го пријавите изгубениот документ, а другиот пат за да обезбедите потврда дека е објавен огласот. Сега е потребно да се оди само еднаш, по што МВР ќе биде формално известено и граѓаните ќе можат да аплицираат за нов личен документ. Ова се придобивките од Меморандумот за соработка меѓу МВР и ЈП „Службен весник на РМ“, кој вчера го потпишаа министерката Гордана Јанкулоска и директорот Тони Трајанов. Имплементацијата на договорот се очекува да почне во март следната година.

„Значи, сега вториот дел од постапката ќе се одвива меѓу МВР и ‘Службен весник‘, а граѓанинот ќе треба само да се јави на шалтерите од управните служби, надлежни според местото на живеење во МВР за вадење нов документ“, изјави Јанкулоска. Трајанов рече дека просечно во текот на годината се согласуваат 30.000 неважечки документи, при што повеќе од половината се лични карти. (Г.А.)

#
Статијата е прочитана 921 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Пет и пол години затвор за ограбувачот на Комерцијална банка
Тричлено семејство загина кај Зајас
Малолетник извршил 26 кражби
Бугарка крадела во ГТЦ во Скопје
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language