Малолетник извршил 26 кражби
Шеснаесетгодишник од гостиварското село Дебреше е осомничен дека во периодот од февруари до октомври годинава извршил 26 кражби на подрачјето од Гостивар. Тинејџерот, кој, според МВР, веќе бил пријавуван за кражби, оперирал во продавници, бутици, угостителски објекти, стоматолошки ординации, аптеки, бурекџилници и спортски обложувалници, а крадел компјутери, пари, мобилни телефони, цигари и друго.
„Дел од украдените предмети се пронајдени и им се вратени на сопствениците“, велат од полицијата. (Г.А.) |