Број 3439  вторник, 23 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хроника

Пет и пол години затвор за ограбувачот на Комерцијална банка

Согласно со пресудата, армискиот капетан ќе треба да врати речиси 30 илјади евра како обесштетување

Љубиша Станковиќ

Армискиот капетан Гоце Смилески е осуден на затворска казна во траење од пет и пол години поради двете разбојништва извршени во експозитурата на Комерцијална банка во скопската населба Кисела Вода. Ваква одлука донесе вчера скопскиот Кривичен суд, кој го прогласи за виновен капетанот во АРМ.

Согласно со првостепената пресуда што ја изрече судски совет со кој претседаваше судијата Драган Николовски, осудениот останува во притвор се' до правосилност на пресудата. Парите, во висина од речиси два милиона денари што ги одзел со двете разбојништва, а кои биле осигурани, Смилески ќе треба да и' ги надомести на осигурителната компанија „Кјуби Македонија“. Од осудениот се запленуваат и 750 евра што биле најдени кај него во моментот на неговото приведување, а судот нареди заплена и на предметите што ги носел за време на извршувањето на разбојништвата. Станува збор за еден пар спортски патики, ракавици и дуксер, а двата службени пиштола му се враќаат на Генералштабот на АРМ, односно на единицата на која и' припаѓал.

Капетанот Гоце Смилески беше обвинет за разбојништвата што беа извршени на 17 август 2009 година и 8 април 2010 година. Во двата случаја на удар се најде експозитурата на Комерцијална банка во населбата Кисела Вода. Од двете разбојништва што ги извршил Смилески со службениот пиштол, успеал да одземе речиси 30 илјади евра.

Истрагата, која се водеше за двата грабежа, покажа дека капетанот бил дежурен старешина на 14 август 2009 година во касарната „Страшо Пинџур“ кај Воениот аеродром во Петровец. Од металниот сеф го зел службениот пиштол, го ставил во ранец, а на крајот од работното време го изнел и го однел дома. На 17 август 2009 година го зел пиштолот, а со себе понел маска „фантомка“ и ракавици и со своето возило се упатил кон експозитурата. Во банката влегол маскиран, а по грабежот се упатил кон центарот на Скопје, каде што се пресоблекол. Со дел од пленот купил девизи, а со другите пари го исплатил долгот што го имал поради службено патување во странство. Со парите од второто разбојништво извршил уплата за рата за возило што го купил на лизинг, а дел од парите потрошил во спортски обложувалници. На само неколку дена по извршувањето на второто разбојништво, тој ги запалил алиштата што ги носел на себе. Во текот на судскиот процес, капетанот Гоце Смилески негираше дека е виновен за разбојништвата.


#
Статијата е прочитана 910 пати.

Испрати коментар

Од: zapad
Датум: 23.11.2010 15:08:22
taka koga neznaat da gi vospitat decata se oreku vrski obrazovanie,rabota i neznaat da cenat toa tie deca a sto so nas bez veski ...na zapad so diploma vozome avtobusi,taksi....a olosi na dobri rabotni mesta vo mak koi ja ostetuvat drzavata.............
Од: Komentator
Датум: 24.11.2010 09:35:57
Cvekov trebe da dobie 55.5 godini zatvor.. Aj sto e aramija aj sto krade recisi od drzavata..ama luge nitu denje nitu noke veke ne mozez da odis bezbedno vo banka ..od strav nekoj da ne te ograbi za 2000 denari..posledno ostanato od penzijata...Neka odi i toa do gavola ..ama ne ostanuva samo grabez tuku i zivotot ke ti go zeme za nikakvi pari...zatoa STRRRRRRRRRRROGI DA KAZAM DRAKONSKI KAZNI..za luge koi sakaat da ziveat na "visoka noga" na tug grb...i sto e najvazno go narusuvaat mirot i spokojstvo na gradanite ..jas siromav veruvajte ne e hipokrizija na ulica ne se navednuvam da zemam na nekoj 5 denari padnato zosto toa ne e moe ..a nekoj jaden mozebi i gi bara....!!!

Најди! во Утрински
Хроника
Тричлено семејство загина кај Зајас
Полесно до замена за изгубен документ
Малолетник извршил 26 кражби
Бугарка крадела во ГТЦ во Скопје
 


Moldovan president rejects treaty with Romania as 'illegal'
Balkans must fight harder against organised crime, says EU
New Hungarian media law proves controversial