Бугарска државјанка на возраст од 30 години ќе мине осум дена во притвор во истражниот затвор во Ск��пје поради кражба. Според МВР, Бугарката во саботата околу 13 часот во бутик во ГТЦ во Скопје ја протнала раката во чантата на жена што пазарела во дуќанот и и' одзела паричник во кој имало 10.000 денари и виза-картички. Против неа е поднесена кривична пријава за кражба. (Г.А.)