Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Накитот од фимо-глина весело шаренило среде стресот на градот

Драган и Јасмина Николиќ преку накитот, кои самите го изработуваат, ќе ја претстават Македонија во Ерусалим

Јована Печијаревска

Драган Николиќ и неговата сопруга Јасмина се доказ дека кога се работи со голема љубов, може да се успее во се'. Тие веќе пет години изработуваат необичен накит од фимо-глина. Шарените обетки и синџирчиња што ги произведуваат, едноставно, невозможно е да не ви го привлечат вниманието кога ќе поминете на улица „Македонија“.

Процесот на изработка на овој вид накит ни малку не е лесен, а како што вели Јасмина - да се дојде до финален производ, некогаш се потребни и три дена.

„Целиот процес на изработка е долготраен. Потребно е внимателно да се одберат боите, да се искомбинира смесата, па потоа следува месењето, кое може да трае и до седум часа. Кога ќе биде подготвен ролатот, ја имаме основата за изработка, па го обликуваме накитот, го печеме и го монтираме како што сме го замислиле. Колку повеќе се работи на ролатот, се добиваат повеќе шари. Некогаш се потребни и три дена за да се добие крајниот производ“, раскажуваат Драган и Јасмина за процесот на создавање.

Љубовта и задоволството на луѓето кои го носат нивниот накит им даваат мотив да продолжат напред и постојано да се усовршуваат. Најголема инспирација црпат од природата, а боите ги комбинираат во зависност од годишното време.

„Кога го сакаш она што го работиш, тоа зрачи со позитивна енергија и е невозможно да не биде забележано и прифатено од луѓето.

Големата љубов и позитивната енергија што ги вложуваме во секое парче се пренесуваат на секого што му се допаѓа нашиот накит. Многу сме среќн�� кога ќе го забележиме задоволството на луѓето што го носат. Имаме и многу колекционери кои не можат да дочекаат да изработиме нешто ново“, вели двојката Николиќ, на која изработката на накит и' е повеќе од начин на егзистенција.

Нивниот накит го носат многу наши музичари, глумци, јавни личности. Но, накитот што го изработуваат Драган и Јасмина е привлечен и за луѓето надвор од нашата земја, па затоа секое лето го пласираат низ Балканот.

Оваа година се повикани да учествуваат на традиционалниот базар за рачна изработка, кој 33 години се одржува во Ерусалим. На тој начин ќе се претстават самите, но и Македонија, која прв пат ќе учествува на вакво случување од светско ниво.


Статијата е прочитана 273 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Винотеката „Темов“ - нов пулс на Старата скопска чаршија
Чоколадата како порок и доблест
Човекот на Месечината (не) го промени универзумот
Гуру пурнима- Денот на духовните учители