Број 3045  сабота, 25 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

СТИЛ

Гуру пурнима: Денот на духовните учители

Со духовниот учител - гуру се спознава суштината во овој менлив свет и се добива врска која е постојана и трајна

Љубен Луј Ѓорѓиоски

Во текот на секоја година има моменти и денови кои се исклучителни и мошне важни во животот на секој човек. Од посебно значење се деновите, кои поради посебната консталација на планетите и ѕвездите имаат големо, дури и огромно значење во животот на секој поединец, а особено во неговиот спиритуален развој. Таков ден има секоја година во јули, за време на полната месечина. Во духовноста, тоа е посебен ден: тој ја симболизира отворената можност за пронаоѓање на сопствениот духовен пат за секој сериозен спирутален трагач. Овој ден е вистински празник и чист благослов за бројните ученици што го живеат својот духовен живот. Познато ни е речиси на сите дека се' на овој прекрасен свет има менлив и минлив карактер. Природно е природата да се менува, а и ние со неа, како нејзин дел. Ако менувањето значи само природна промена на нашето тело, без да се има и најмал спиритуален раст и развој, тогаш со светлосни години сме далеку од својата вистинска природа и духовна цел, како човечки битија во овој свет. Затоа, спиртуалната човекова природа нужно ја турка промената во нашата свест, која ги води луѓето кон самоспознание. Се' додека не се случи таа промена, далеку сме од духовната реализација како човечки битија. Таа преставува нужен исчекор од светот на анималноста во светот на духовноста, кој може и мора да го направиме како човечки суштества. Тоа ги води луѓето преку вратата на себеспознанието до светот на себеостварувањето. Ова е првиот чекор во духовноста и со него започнува патот од илјада милји. Тоа патешествие е чекорење по сопствената патека на лично спознание. Вистинскиот спиритуален чекор започнува со пронаоѓањето на својот духовниот учител - гуру.

Се' додека постои суштествувањето на физички план, односно додека постои нашето тело и додека тоа трае, мора и треба да постои оваа предаденост кон духовниот учител, вистинска посветеност кон својот гуру. За правилен, а пред се', позитивен и доблесен духовен раст и развој, служењето кон личниот гуру мора да биде целосно, со посветеност и верба кон духовниот учител. Зошто секој духовен трагач, внимателен спиритуален патник, а пред се' доблесен и позитивен духовно разбуден ученик - шишја, мора да ја следи патеката на својот учител, да ги слуша неговите зборови и да ја потврди својата предаденост кон личниот гуру? Принципот духовен учител е изведен од санскритскиот поим „гуру“ и се состои од два слога гу, што значи мрак, темнина и ру - светлост. Гуру е олицетворение на универзалниот принцип, кој го води ученикот - шишја и неговата свест од мракот на незнаењето, кон светлоста на знаењето. За да може трагачот успешно да ја разликува суштината од формата, битното од неважното, доброто од злото, денот од ноќта... тој мора да стане свесен за своето постоење, да стекне вистинско знаење за суштината, да го развие, продлабочи и да живее во блаженство. Оваа состојба во јогата се нарекува: сат-чит-ананда: апсолутна вистина, знаење и блаженство. До неа се стигнува ако се следи патеката што ја трасирал духовниот учител - гуру, доколку внимателно и свесно се следат зборовите на учителот, се слушаат неговите упаства. Таа се развива и продлабочува, дури и лесно се остварува, само со милост на учителот - гуру крипа. И само еднаш, кога тоа ќе го спознае духовниот трагач, дисциплинираниот практикант и предадениот ученик, само тогаш ќе биде опсипан и исполнет со тие прекрасни квалитети. Таа апсолутна, доблесна, вечна енергија на мир, блаженство, знаење и вистина се присутни во космосот, од него се канализира и до духовните трагачи и жедните спиритуални души доаѓа преку духовните учители. Оттогаш започнува личниот раст и развој, откривањето и спознанието на себеси. Со духовниот учител - гуру се спознава суштината во овој менлив свет и се добива врска која е постојана и трајна. Таа поврзаност посебно е потенцирана по обем и квалитет за време на Денот на полната месечина, во јули. Тоа е централниот годишен празник наречен Гуру пурнима: Денот на духовните учители. Тој за спиритуалните ученици и талкачи е светлината, со која трасира и се осветлува патеката наречена духовен живот. На тој ден се прочистува и ревитализираа нивната спиритуална сила, акумилирајќи енергија и волја во себе за годината што им престои.


Статијата е прочитана 174 пати.

Испрати коментар

Од: s.m.s.
Датум: 25.07.2009 18:18:09
prekrasno napisano, iopisano za site onie koi ne znaat nisto za energijata-da bides sam na sebe duhoven vodic,e nesto prekrasno.

Најди! во Утрински
Забава
Винотеката „Темов“ - нов пулс на Старата скопска чаршија
Чоколадата како порок и доблест
Човекот на Месечината (не) го промени универзумот
Накитот од фимо-глина весело шаренило среде стресот на градот