Број 3611  среда, 22 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Скопје

Осветлување на патеките на Вардар

Екипи на „Магнус инженеринг“ работеа на осветлување на пешачката патека од десната страна на кејот на Вардар во општината Ѓорче Петров и на ролерската патека од левата страна на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до мостот на булевар „8 Септември“ кај хотелот „Александар палас“.

На левиот брег епоставена кабелска мрежа од 3.300 метри и 98 столба високи шест метри со светилки од 150 вати. За поголема циркулација на минувачи и рекреативци на пешачката патеката во Ѓорче Петров, на потегот од мостот за влез во општината Сарај до фабриката „Купром“ се планира кабелска мрежа од 4.200 метри и 144 двосегментни столба со висина од 4,5 метри, на кои ќе бидат поставени штедливи светилки од 100 вати.

Градот издвои 7,3 милиони денари за пешачката и 5,3 милиони за ролерската патека. Изведувач на работите е компанијата „Дигитал“. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 699 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Кој јунак ја украде опашката на коњот на Ѓорче Петров?
Жичарницата нова хит-дестинација
Изложба од Школата за цртан и анимиран филм во Карпош

"""