Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Полицајците да бидат љубезни со странците

Минимална контрола на возилата што транзитираат преку земјава, поголема толерантност во однос на помалите сообраќајни прекршоци и љубезно однесување - се дел од советите што МВР им ги препорачува на своите вработени што ќе имаат директен контакт со странските туристи, кои летово ќе возат низ Македонија.

Овие препораки, според МВР, биле со цел д�� се подобри впечатокот што го добиваат странските државјани за земјава. Доколку постои сериозна причина за запирање на некое возило, тогаш пожелно е задржувањето да трае колку што е можно пократко и притоа да не се прекршува етичкиот кодекс на однесување на полицајците.

МВР пред две недели почна со делење информативни материјали, испечатени на осум јазици, на сите гранични премини при влез во земјава, со кои на странските државјани им се даваат корисни информации за да се запознаат со законите што важат на патиштата низ земјава.

„Македонија се наоѓа на крстосница од европските коридори 8 и 10, кои се исклучително фреквентни во летниот период кога голем број туристи и иселеници ги користат одморите за да посетат некоја дестинација или за да се вратат во родната земја. Тоа значи дека стотици илјади странски државјани во текот на јуни и јули ги минуваат границите и ги користат македонските патишта“, потсетуваат надлежните. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 871 пати.

Испрати коментар

Од: Goran Bitola
Датум: 06.07.2011 00:58:57
Policajcite so godini gi maltretiraat strancite i Makedoncite so stranski pasosi koi ja minuvaat granicata. Minatoto leto imase katastrofalen slucaj na vraten kanadski drzavjanin od preminot Medzitlija i policaecot ne bese isteran od rabota poradi toa. I kakvi se ovie gluposti sega??? Duri ne se isteraat od rabota barem po 10 policajci od sekoj granicen premin ova nema da funkcionira!
Од: Кемал Ататурк
Датум: 06.07.2011 07:23:17
Со граѓаните на Република Македонија не мора
Од: xxL from PP
Датум: 06.07.2011 08:11:08
na dzandarite prvo treba da im se smeni mentalniot sklop i da se vratat vo prvo oddelenie,da naucat ubavo ponasanje.
Од: vlado
Датум: 06.07.2011 12:41:30
policajcite da bidat ljubezni so site,site da bidat poljubezni so site,bi bilo poubavo za site.inaku nasite policajci ne se razlikuvaat po nisto od onie od bugarija vo devedesetite god.,pogotovo so strancite.isto e i na patarinite

Најди! во Утрински
Хроника
Tага по студентката што загина во САД
По една година затвор за обвинетите од бродската несреќа во Охрид
Обид за силување девојче во Струшко
Мастурбирал на улица, па побегнал

"""