Мастурбирал на улица, па побегнал
Полицијата трага по маж на возраст од 50 години, висок околу 185-190 см, со кратка побелена коса, тркалезно лице, со гипс на десната рака, кој вчераутро околу 8,30 часот се самозадоволувал на улицата „Трифун Хаџијанев“ во Скопје. Непознатиот маж се однесувал недолично пред случајните минувачи, кои го пријавиле во полиција, по што побегнал. (Г.А.) |