Број 3623  среда, 06 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Tага по студентката што загина во САД

Посмртните останки на 22-годишната Марија Костова се очекува да бидат донесени во земјава за две недели

Штип е во голема тага по студентката Марија Костова (22), која пред два дена го загуби животот во Панама Сити Бич на Флорида. Околностите под кои загина девојчето, кое било полно со оптимизам и ведрина, се' уште не се разјаснети докрај. Од Аме��ика стигнуваат само штури информации за начинот на кој настрада Костова. Според првичните информации, на неа налетал џип во близина на станот во кој била сместена заедно со цимерките. На повредите им подлегнала во болницата на Флорида. Според најавите, телото на трагично загинатото девојче за две недели треба да пристигне во земјава.

Марија заедно со поголема група студенти од Македонија, во рамките на програмата за размена на студенти, престојувала во едно од најатрактивните дестинации во Соединетите Американски Држави.

Околу трагедијата што се случила на 3 јуни има повеќе информации од различни извори што пристигнуваат од Америка. Според едни, вечерта Марија излегла до станот во кој била сместена со уште три свои другарки за да ја следи прославата на Денот на независноста на Америка. Во еден миг, на младата штипјанка налетал џип, кој удрил директно во неа и ја отфрлил неколку метри. Според други информации, пак, околу 30 минути по полноќ, Костова со велосипед се враќала од работа, а во критичниот момент ја удрил џип. Возачот на џипот потоа, наводно, побегнал од местото на несреќата.

Девојката итно била префрлена во најблиската болница и за цело време била свесна. Но, откако била донесена во болницата, состојбата нагло и се влошила и таа не ја издржала битката за животот. Според информациите од Америка, смртта кај неа настапила како резултат на силно крвавење во главата.

Зоран Кочоски од скопската агенција „Коузон“, во чија организација студентите од Македонија заминале на студиски престој во САД, по веста за несреќата дојде во Штип за да им изрази сочувство на родителите на Костова.

Тој им ја понудил и целокупната помош за префрлање на посмртните останки на Марија во родниот град. Кочовски нагласи дека тие како организатори ќе опстојат на целосно расчистување на настанот и виновниците за смртта на младата студентка да одговараат пред законите на нивната држава.

Во домот на Костови кој е во центарот на градот до познатата Саат кула, постојано доаѓаат пријатели, роднини, другарки на Марија и граѓани за да му изразат сочувство на семејството на загинатата студентка.

Според информациите до кои дојдовме, потребно е десетина до петнаесет дена за посмртните останки на Марија да бидат донесени во нејзиниот роден град. Девојката била студентка на втора година на Економскиот факултет при Штипскиот универзитет. Таа пред пред месец и половина, заедно со уште 300 студенти од градот, заминала во работна посета на Флорида. Според претставниците на агенцијата „Коузон“ преку која студентите заминале во САД, во изминативе дваесетина години од постоењето на летната програма за размена на студенти, никогаш не се случила ваква трагедија.

Околу 1.500 студенти, годинава во рамките на летната програма за размена на студенти заминале во САД.  Желбата за заработувачка, но и можноста да се доживее американскиот сон, да се прошета и да се проучи една сосема поинаква култура и народ е причина секоја година голем број студенти, летниот одмор да го поминат работно во САД. Ваква можност нудат неколку агенции во земјава, преку кои најчесто заминуваат младите, откако ќе ги поминат редовните тестирања и на неколку рати уплаќаат износ кој достигнува до безмалку 2.000 евра, со вклучен авионски билет до саканата дестинација. Студентите најчесто работат како куќни помошнички, бебситерки, по кафеани, забавни паркови, хотели, ресторани и слично. Минималната саатница е седум долари. (И.Б.-Д.Т.)


#
Статијата е прочитана 2886 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Хроника
Полицајците да бидат љубезни со странците
По една година затвор за обвинетите од бродската несреќа во Охрид
Обид за силување девојче во Струшко
Мастурбирал на улица, па побегнал

"""