Број 3367  среда, 25 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

„Мома без мираз / Шума“

Драмите на Островски покажуваат еден свет во кој не може да владеат само љубов и хармонија

Невена Поповска

Истакнатиот руски драмски автор Александар Николаевич Островски е роден во Москва на 31 март 1823 година. Неговите дела ја претставуваат основата на рускиот класичен драмски репертоар. Израснал во московското тр��овско предградие. Во младоста работел како судски писар и најголемиот број драми, а напишал околу педесеттина ги посветил на „мрачното царство“ на патријархалниот и конзервативниот трговски сталеж, животот на руските чиновници и судбините на уметниците. Особено „мрачно“ ги обликувал ликовите на руските благородници. Еден циклус од неговите драми е посветен на руското минато, а „Пролетната бајка“, Снежана, направена според фолклорните мотиви, послужи како либрето за операта на Николај Римски-Корсаков. Островски го создаде реалистиниот национален репертоар на рускиот театар. Особено внимание имал на московскиот Мал театар.

Александар Островски матурирал на Првата московска гимназија (1835-1840), а потоа образованието го продолжил на студиите по право на Државниот московски универзитет (1840-1843), кој го напуштил пред да го положи последниот испит. Потоа се вработил како службеник во Судот на совеста, а потоа во Трговскиот суд во Москва. И двата трибунали биле формирани за решавање на споровите главно меѓу трговската класа во Русија, од која Островски успеал да ги извлече главните ликови во неговите први комедии. Меѓу нив се „Сиромашната невеста“, „Сиромаштијата не е порок“, „Не влегувај во туѓа санка“. За последната, Николај Први вели дека не станува збор за драма туку за лекција. Некултурната, самозадоволна трговска класа е извонредно претставена во „Бура“ и „Свои луѓе“.

Последната спомената комедија била забранета цели десет години, до доаѓањето на Александар Втори и Островски бил отпуштен од државна служба и ставен под надзор на полицијата. Меѓутоа, либералните тенденции на новиот владетел наскоро донеле промени. Островски бил еден од неколкуте добро познати литературни дејци кои биле испратени во провинциите за да известуваат за животот на луѓето. Областа под негова јурисдикција се протегаше долж горното течение на Волга, дел од земјата позната по некои од ��ајважните настани во руската историја.

Оваа мисија го наведе да напише неколку историски драми кои имаа голема вредност, како што се „Козма Закаријевич Минин-Сукорук (целото име на познатиот месар кој ја спаси Москва од Полјаците), „Лажниот Дмитриј и Василиј Шиски“, „Василиса Мелентиева“ (името на најомилената дама во дворот на Иван Грозни) и комедијата „Војвода“ („Сонот на Волга“). Во голем број од неговите подоцнежни дела се третира руското благородништво, и тука спаѓаат „Бешание Денги“, „Без мираз“ и „Волци и Овци“, додека другите се однесуваат на светот на актерите.

Островски бил под патронат на Александар Трети и добивал пензија од 3.000 рубли годишно. Со помош на капиталистите од Москва го формира Малиот театар како модел за театар и училиште за драмска уметност, каде што е и првиот директор. Тој, исто така, го формира и Здружението на руски драмски и оперски композитори.

Неколку месеци пред неговата смрт, на 24 јуни 1886 година, тој е именуван за директор за репертоарите на сите руски државни театри, но поради лошото здравје, не успеал да ја извршува оваа функција. Островски почина од ангина пекторис на неговиот имот во близина на Кострома на работната маса додека го преведувал „Антони и Клеопатра“ од Шекспир.

„Шума“ е напишана во 1871 година и ги поставува вечните прашања за човечките односи, обидувајќи се да го реши проблемот меѓу моралното и неморалното, особено мрачно обликувајќи ги ликовите на руската аристократија. „Шума“ е изведувана многупати во театрите низ светот. „Шума“ е светот во кој живееме. „Шума“ се нашите односи кои се тирански, условени со желба за пари, љубов, уметност. Тоа се трите потреби на кои се заснова вселената на овој текст. „Шума“ секако е метафора на ѕверските односи кои владеат меѓу луѓето во современиот цивилизиран свет. Човекот го поробува и го тиранизира другиот. Ја задоволува својата алчност и потреба употребувајќи ги за тие цели своите најблиски. Ни велеа дека постои антагонизам меѓу класите и тој навистина постои. Во светот на профитот луѓето се експлоатираат меѓу себе, но во интимните односи-љубовни, семејни и пријателски релации постои изедначување. Во таа смисла „Шума“ е најпрегледна драма на Островски, писателот кој со уште неколкумина писатели ја изгради прекрасната градба „Руска книжевност на 19 век“.

Судбината, пак, на Лариса, херојката во „Мома без мираз“, како и останатите женски ликови на Островски, ја води во потрага по подобар живот, бегајќи од провинцискиот микрокосмос. Но, набргу се покажува дека нејзината убавина не помага во потрагата по слобода и по љубов, и се претвора во играчка на богатите трговци. Островски ја напишал „Мома без мираз“ во 1880 година, и во неа го допира будењето на индивидуата, протестот против правилата. Драмата покажува еден свет во кој не може да владеат само љубов и хармонија.

Неколку драми на Островски се претворени во опери, главно од руски композитори. На пример драмата „Бура“ инспирираше многу опери и други дела. Меѓу првите комедии „Не може да живеете како што сакате“ (1854) беше адаптирана како трагична опера „Моќта на ѓаволот“ и премиерно беше прикажана во 1871година од Александар Серов. Историската драма „Војвода“ („Сонот на Волга“) беше трансформирана во две опери: едната од Чајковски (како „Војвода“) и подоцна уште една од Аренски со наслов „Сонот на Волга“. Чајковски, исто така, подоцна напиша придружна музика за сцена во драмата. Најпознатата руска опера што се базира на драма на Островски е „Пролетна бајка“- Снежана на Римски-Корсаков, за која исто така придружна музика напишал и Петар Илич Чајковски.


#
Статијата е прочитана 327 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Љубомир Левчев прогласен за почесен член на ДПМ
Преведувачите читаа препеви на десетина јазици