Годинешниот лауреат на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, бугарскиот поет Љубомир Левчев, вчера во просториите на Друштвото на писателите на Македонија беше прогласен за почесен член на македонската писателска асоцијација. На свеченоста покрај многубројните писатели, членови на пистелската асоцијација, присуствуваа и бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Раковски Лашев и претседателот на Сојузот на бугарските писатели, Николај Петев.
Претседателот на писателската асоцијација, поетот Раде Силјан во својата поздравна беседа рече дека „Левчев ја воздигнал бугарската поезија на високо рамниште, афирмирајќи ја бугарската реалност и литература ширум светот“.
„Поетските вредности на овој исклучителен и продуховен современик, истакна Силјан, во Македонија веќе имаат своја рецепција преку стиховите застапени во книгата ’Превалец‘, објавена во 1993 година во издание на ’Детска радост‘ од Скопје, избор и препев на Гане Тодоровски“.
„Левчев е поет на љубовта и надежта, рече Силјан, поет на мудроста, проткаен со младешки пориви и возбуда. Токму затоа неговата поетика е широко прифатена, таа е необична и несекојдневна, проткаена со едноставна филозофија и со универзални пораки, рече Силјан и додаде дека Левчев е автор на повеќе од 40 одделни книги, преведени на скоро сите светски јазици“.
Силјан додаде дека делото на Левчев е високо вреднувано, многукратно наградувано во Бугарија и во многу држави каде тоа е преведено. Неговите стихови се застапени во сите антологии на бугарската поезија, публикувани во последниве пет децении.
Заблагодарувајќи се на укажаната чест, 75-годишниот поет Љубомир Левчев рече дека прогласувањето за почесен член на македонската писателска асоцијација го сфаќа сериозно и оти тоа не е само чест, туку и еден историски миг за двата народи.
Стихови од творештвото на Левчев читаше актерката Арна Шијак.
Попладнето учесниците на годинешниот поетски фестивал учествуваа на поетското матине што традиционално се одржува на Матка, на кое домаќин е Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, а вечерта со поетскиот митинг кој се одржа во Сули-ан се заокружуваат содржините на годинашната манифестација. (Н.П.)
"Според мене нема македонски јазик. Има бугарски јазик" - така Евгениј Примаков одговори на прашање од салата, доста оддалечено од темата на предавањата "Русија во современиот свет", која Академикот одржа во НДК. Тој е кај нас, на покана на Бугарското дипломатско компанија форумот "Бугарија - Русија" и Меѓународната академија "Орфеј". Љубомир Левчев предаде наградата на Меѓународната академија "Орфеј" на поранешниот руски премиер, кој сега е претседател на Трговско-Индустриска Комора на Руската федерација. http://www.ivoatanasov.info/?inc=page&id=257&pid=256&lang=bg&aid=1061&type=50
Од: D. V.
Датум: 25.08.2010 09:42:40
Neli se preteruva so ovoa slavenje i glorificiranje na posledniov dobitnikna STP kako sto nitiu eden slavenik do sega ne bil"razgalen". Pogorniov komentator ni dava edna druga slika na za nagradeniot poet koja bi trebe trebe da se razgleda. Na edna od svoite" proslavi"koja zapocnuva vo Pariz, istiov covek Bugarin, (za cija poezija ovde ne mi e zborot) ima receno deka "za prv pat go preveduvaat od bugarski na bugarski" dodeka eden golem makedonec na izvinuvanje na "slucajnata preveduvacka" deka neznae dobro bugarski, dofrla "....toa e isto"! vakvi raboti nie sme narod koj sakame da zaboravame, poradi" spustena glava sambja ne sece", pa poradi toa stignavme na ovoa deredze. Bilo kako, ako ne bese tolku golemo slavenje i davanje priznanija, tituli, pocasti i svecanosti na najvisoko nivo, mozebi i nemase da mi pukne pistolot.....Dosta so nasata makedonska snishodlivost i "ne cuv, ne vidov...."! Ke mozese da se progolta i ovoa, ako nemase vbolku preteruvanje!