ЏЕНИФЕР АНИСТОН
Бакнежи во кујна со Џерард Батлер
Се чини, актерката Џенифер Анистон, конечно, го преболе Бред Пит. И додека Пит во таблиодите изјавувал дека со задоволство би се дружел со поранешната сопруга Џенифер, таа најде вистинско рамо за плачење. Доколку изјавите на Бред се точни, сепак, се чини дека тој задоцнил.
Џен на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во Лос Анџелес била во придружба на згодниот актер Џерард Батлер. Британските медиуми пренесуваат дека Џен и Батлер биле фатени како се бакнуваат во кујната, додека на бината се доделувале филмските награди.
На свечената церемонија Џен блескала со црн фустан со висок шлиц што и' ги откривал нозете.
Двојката минатата година го снимаше филмот „Бунти хантер“, а тогаш Анистон изјавила дека Џерард добро се бакнува. Со тоа веднаш почнаа да се шират гласиштата дека се во врска, а таблоидите тврдат дека Џенифер и Џерард често поминувале време заедно и по снимањето. |