Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Забава

МИША БАРТОН

Доби тужба поради неплатена кирија

Њујоршката фирма за недвижен имот M.R.A Realties INC ја тужи актерката Миша Бартон, бидејќи таа не платила станарина во износ од седум илјади долари.

Младата Миша моментално се наоѓа во Њујорк, каде што снима епизоди за серијата „Закон и ред“, а во септември минатата година изнајми стан во Менхетен. Сега сопственикот на станот ја тужи, бидејќи актерката нема платено станарина за три месеци.

Адвокатите на Бартон не ја коментираа тужбата, а доколку ја изгуби, таа ќе мора да го плати целиот долг, но и предвидената казна.

Бартон веќе неколку години живее во Лос Анџелес, а во Големото јаболко пристигна за снимањето на серијата „Убав живот“, кој се базира на њујоршката манекенска сцена. Потоа доби понуда за настап во серијата „Закон и ред“, каде што глуми лик на проститутка.


#
Статијата е прочитана 634 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Бакнежи во кујна со Џерард Батлер
Ќерката го наговара да се разведе
Учев од сопствените грешки